Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Македонија

Регионалните депонии под концесија

Регионалните депонии ќе се издаваат под концесија. Владата одлучила два региона да се финансираат преку инструментот за претпристапна помош - ИПА, а за другите да почне постапка за издавање под концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со депониите. Во Македонија треба да се изградат осум регионални санитарни депонии, што треба да ги заменат постојните 54 регистрирани општински и стотиците диви депонии што треба да се затворат и да се рекултивираат. За изградба на регионалните депонии се потребни околу 80 милиони евра, а за затворање на општинските и на дивите депонии околу 35 милиони евра. 

„Предвидено е депонијата ‘Русино‘ да функционира како регионална и да ги опслужува сите општини во Полошкиот регион. Изградбата на депонијата во согласност со ЕУ-стандардите ќе чини 12 милиони евра“, изјави вчера министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи пред членовите на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, на која се дебатираше за депониите и за собирањето отпад. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 226 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Сончевград се „гради“ во судови
Пациентите ќе го спасуваат Фондот од банкрот
Споменикот ќе се врати на плоштадот, ветува градоначалникот Панов
Ќе се вади отоманско оружје кај Сараиште