Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Македонија

Споменикот ќе се врати на плоштадот, ветува градоначалникот Панов

КАВАДАРЦИ - Боречката организација од Кавадарци не се спротивставува на потегот на локалната самоуправа за привремено отстранување на споменикот на револуцијата додека се изведуваат градежните зафати за реконструкција на плоштадот. Градоначалникот на Кавадарци нагласува дека ова е прва планска реконструкција на централниот дел и ветува дека споменикот ќе се врати на плоштадот, на нов постамент.

Во вчерашното писмено обраќање до граѓаните првиот човек на Кавадарци, Александар Панов, вели дека доколку споменикот не се вклопува во архитектонското решение ќе бараат од борците дозвола за преместување од неколку метри.

„Споменикот, дело на големиот скулптор Пјетро Палавичини, е поставен во 1948 година. Такво ремек-дело ниту сакам ниту смеам да отстранам од плоштадот. Барам само малку трпение. Во јули ќе имате можност да прошетате по новиот градски плоштад, со целосно хортикултурно уредување“, напишал градоначалникот Панов. Тој вели дека обраќањето го посветува на „душегрижниците што се обидуваат да добијат евтини политички поени и замолува да престане ширењето на непроверени информации“. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 790 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Сончевград се „гради“ во судови
Пациентите ќе го спасуваат Фондот од банкрот
Регионалните депонии под концесија
Ќе се вади отоманско оружје кај Сараиште