Триесет и три практиканти во летниот период ќе бидат ангажирани во работните процеси во различни оддели во „ЕВН Македонија“, во рамките на проектот „Лето 2010“, соопштија од компанијата. Целта на овој проект, кој се спроведува веќе втора година, е стекнување практично искуство, кое им недостасува на младите и перспективни кадри. Практикантите се млади лица на возраст до 27 години, кои ја завршуваат претпоследната или последната година од школувањето, дипломираните и оние што се на постдипломски студии, што, воедно, беа и критериуми за учество во проектот. „Највредно во нашата компанија се човечките ресурси. Посветуваме посебно внимание на обуката на младите и талентирани кадри“, рече претседателот на УО , Вернер Хенгст. (Ек.Р.)
UF, uf.."Практикантите се млади лица на возраст до 27 години, кои ја завршуваат претпоследната или последната година од школувањето" Vo EU mladite pocnuvaat da rabotat na 20 godini, 1-2 godini po zapisuvanje na fakultet, koj obicno trae 3 godini, do 27 tie imaat 7 godisno iskustvo! Iskustvo, iskustvo, i samo iskustvo se ceni! Na 30 godini teprva ke pocnat ovie "studenti" da bidat kretivni.Zalno e zalno. Ma banana drzava, banani kriteriumi, investitori koi se trudat da se prilagodat na tamosnite uslovi i Toa.