Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

За стечајците потребни 12 милиони евра

Вчера започна дебатата по предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица, популарниот закон за стечајци, поднесен од

опозициските партии. Со него треба да се опфатат лицата што останале без работа поради приватизација на претпријатијата со општествена сопственост. Расправата ја следеа и тројца претставници од Унијата на стечајците, со одобрение на претседателот на парламентот Трајко Вељаноски, а по барање на СДСМ.

Марјанчо Николов од СДСМ рече дека со законот се бара сите лица што останале без работа поради приватизацијата на државни претпријатија да примаат месечен надомест од Агенцијата за вработување од 6.000 денари. Тоа би било се' до нивното повторно вработување или до исполнување на условите за пензионирање. Всушност, би се исплатувале 30 проценти од просечната плата исплатена во претходната година. Станува збор за 10.000 лица, кои би го користеле ова право и за што ќе бидат потребни 12 милиони евра.

„Со тоа ќе се затвори прашањето за социјалната компонента на неправедната транзиција во Македонија. Доколку не се направи тоа, тие луѓе ќе продолжат да живеат на маргините на општеството“, рече Николов, според кого, парите се најмал проблем за да се реши ова прашање, бидејќи се трошат големи буџетски средства за споменици.

Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ реплицира дека се лицемерни барањата на СДСМ“. Тој оцени дека законот е поднесен од политички причини и дека „преку преземање колективна одговорност, СДСМ се обидува да ја амнестира од одговорност личноста што беше режисер и сценарист на најматната приватизација во Македонија“.

Во серијата реплики и контрареплики на пратениците од власта и од оп��зицијата имаше меѓусебни обвинувања околу приватизацијата.

Во претходната вчерашна расправа не добија поддршка предложените измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поднесени од група пратеници од НСДП, ЛП и НА. (МИА)


#
Статијата е прочитана 580 пати.

Испрати коментар

Од: Valerija
Датум: 02.07.2010 00:04:47
Ne se brani ona sto e neodbranlivo. Prostata i od kradenje zdebelena bagra na kvazipartijata bez ideali nemase nitu eden argument zosto ke glasa protiv ovoj socijalen zakon. Kako zedni vampiri nacicani od krvta na narodot, uste ednas nemaa sila i doblest da recat NE za direktivata na iskompleksiranoto bokserce. Imam cuvstvo na vina, zasto i jas sum edna od onie sto gi donesoa na vlast. No ke bidam edna od stoticite iljadi glasaci koi ke gi simnat od tronot na koj nezasluzeno sednaa. Patuvackiot cirkus narecen DPMNE si zaminuva od Makedonija. Ama prvo ke sviri malku klavir vo Idrizovo.
Од: Skandi
Датум: 02.07.2010 09:20:11
Stecajci!!!A sto so onaa grupa na graganjki sto nikogas nemale prilika da rabotat,poradi nemanje vrski i privilegii??Sto so niv???Zasto stecajcite da bidat priviligirani po koja osnova??Site tie se bavat so zemjodelie,vadat ogromni prihodi od taa dejnost i uste ke gledame na niv kako "socijalci",dodeka vistinskite socijalci na koja im e potrebna taa pomos,ke se zanemari.Epa dragi moi od SDS,taka ja vodevte drzavata vo komunisticko vreme i zatoa propadna,i sega pak nastojuvate vo toj pravec.Zatoa stvorivte geta,i marginilizirani grupi na siromastija vo minatototo,uste mnogu vreme ke se gledaat vasite zlodela na sekoj cekor od gradot...Ne sum VMRO-OVEC,tuku realen gledac na zbidnuvanjata vo Makedonija
Од: Filip
Датум: 02.07.2010 10:29:12
e kako be taka, kaj go ima toa da ti dava nekoj po 6000 sekoj mesec... pa ni vo Amerika go nema toa! firmata im propadnala i sega drzavo daj pari! bezvrska.. i jas ostanav bez rabota i sto sega ajde od drzavata da baram pari! gluposti ps. partiski ne oboen
Од: jon meglenski
Датум: 02.07.2010 12:03:40
Mislam deka ovoj predlog zakon trebase i pratenicite od pozicijata da go PRIFATAT .Sigurno ke padnese na ustaven.Zatoa sto vo vreme na SDSM ednas padna,tie kulturno glumat SADOMAZOHIZAM.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:49:53
Слоганот на ДПМНЕ е стечајците ги даваме АЦЕ не го даваме.Аце големиот е решение - само да не се гради таа глупост е ете решение за стечајците.А колку глупости се изнаредија.Но не се работи за стечајците - за себе се работи и за Фамилијата.Срам да им е.Лоповска работа и уште еден потез со кој се разединува народот.
Од: ne e bitno
Датум: 02.07.2010 13:44:04
Firmite na ovie stecjaci ne bea privatni tuku drzavni firmi, zatoa baraat od drzavata. MEgutoa na los nacin. Zal mi e za niv, zasto makedonskite intelektualci treba da bidat tie sto ke sozdadat uslovi za sekoj eden da moze normalo da zivee vo taa zemja, da se prekvalifikuva ako treba, da se vraboti... Za zal se nema kapacitet, i ve molam ne gi obvinuvajte zemjodelcite, provincijalcite, prostite i sto uste ne slusnav. Tie nema da resat nisto, vinovni se intelektualcite koi se poveke mislam deka v Makedonija nikogas i gi nemalo (mnogu mal broj). So zavrsuvanje na fax ne se stanuva "intelektualec". Vo Yu imase mnogu poveke srednisti megutoa rabotea mnogu poorganizirani i efikasno. Ne ke da e do skoloto.

Најди! во Утрински
Економија
Зелен картон и осигурување
Секој месец се' поскапо
И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи
„Лето 2010“ на „ЕВН Македонија“
Поевтин роаминг и Интернет во ЕУ
Од август се „ладат“ сметките за мобилен
Сите бараат да падне задолжителната резерва