Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Сите бараат да падне задолжителната резерва

Ова го бараат банкарите и Владата како услов да има повеќе и поевтини кредити

Соња Маџовска


Се' погласни се барањата на банкарите, но и на Владата дека гувернерот Петар Гошев треба да ја намали и задолжителната резерва како услов да има повеќе и поевтини кредити и за граѓаните и за фирмите. И премиерот Никола Груевски вчера ја повика централната банка да ја намали залихата на благајнички записи, но молчи дали и Владата ќе го намали емитувањето на државните записи, за кои, исто така, постои голем интерес кај банките.

Банките остро реагираат на политиката на Народна банка на Македонија, што не ја намалува задолжителната резерва, што за нив е услов за релаксирање на кредитирањето, туку се намалува само основната каматна стапка, со која, пак, НБМ само си ги намалувала трошоците за камати, коментираат банкарите.

Инаку, банките го сторија тоа што мораа да го сторат под притисок на Законот за облигациони односи и нивото на референтната каматна стапка. Банките една по една ги објавија пониските камати, кои од вчера мораа да бидат сведени до 13 отсто за граѓаните и до 15 отсто за фирмите.

Комерцијална завчера прва ги соопшти пониските камати, а таа ги поевтини речиси сите кредити во просек до 1 процентен поен, но ги намали и каматите на депозитите. А вчера и другите банки ги објавија пониските камати. „Новите каматни стапки, намалени во просек од 2 до 3 процентни поени, стапуваат во сила од 1 јули годинава. За примателите на плата преку Стопанска банка, променливите каматните стапки за кредитните картички, за потрошувачките кредити, како и за отворениот кредит ОК изнесуваат 11,7 отсто годишно. Во исто време, каматните стапки на кредитите за мали и за микрокомпании се намалени за 1 до 2 процентни поени“, се вели во соопштението од Стопанска банка.

Од НЛБ Тутунска банка вчера официјално го промовираа поевтнинувањето на туристи��киот кредит, за кој каматата се симнува од 16 на 10 отсто, а кој ќе важи само летниов период. Тутунска направи корекција на дел и од потрошувачките кредити, кредитните картички и пречекорувањата на тековните сметки за кои каматите сега ќе изнесуваат до 13 отсто.

Еуростандард банка ги намали каматните стапки во просек од 2 до 4 отсто. Во граѓанскиот сектор намалувањето е до 4 отсто, и тоа кај потрошувачките, односно ненаменските кредити, инстант, експрес, стандард и ВИП-кредитот. А до 4 отсто ќе се намалат и каматите кај платежните картички и дозволеното пречекорување на трансакциските сметки. „За поголемо намалување на каматите ќе можеме да зборуваме кога релаксирањето на монетарната политика ќе биде уште поголемо, а за тоа репер ќе биде и намалувањето на задолжителната резерва, а не само падот на референтната каматна стапка“, велат од Еуростандард.

И Владата очекува следниот чекор на НБМ да биде намалување на задолжителната резерва. Премиерот Никола Груевски ги оценува како добри последните потези на централната банка и смета дека таа треба да ја намали задолжителната резерва, а постепено да ја намалува и залихата на благајничките записи, со што ќе им се овозможи на банките да пласираат повеќе кредити, наместо да купуваат благајнички записи. „Се надевам дека централната банка во иднина ќе почне со реализација на вакви чекори што ќе помогнат за зголемување на кредитната активност во Македонија, што е предуслов за посилен економски развој“, изјави вчера Груевски.


#
Статијата е прочитана 702 пати.

Испрати коментар

Од: viola
Датум: 02.07.2010 15:27:05
Za da go ispljackaat i toa shto e vo Narodna banka??? A, za bankite, neka investiraat od svoite dobivki i enormni plati, za pocetok vo kompjuteri i brzi bankarski uslugi, a ako moze i ljubeznost. na personalot. Lopovi i lihvari

Најди! во Утрински
Економија
Зелен картон и осигурување
Секој месец се' поскапо
И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи
„Лето 2010“ на „ЕВН Македонија“
Поевтин роаминг и Интернет во ЕУ
Од август се „ладат“ сметките за мобилен
За стечајците потребни 12 милиони евра