Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Секој месец се' поскапо

Во јуни домашните статистичари пресметале инфлација од 1,8 отсто

Најпосле и статистичките бројки го покажаа она што го чувствуваат македонските граѓани веќе неколку месеци, а тоа се зголемените цени на речиси сите производи, пред се', на основните прехранбени продукти. Па така, домашните статистичари во јуни оваа година измериле инфлација од 1,8 отсто, односно за толку пораснале трошоците на живот во однос на истиот месец минатата година. Тоа не е некој драматичен скок на инфлацијата, но покажува дека трошоците за живот полека, но сигурно растат секој месец со се' посилно темпо.

Ова е доказ дека постојаното поскапување на енергенсите на светскиот и на домашниот пазар почнува да си го зема својот данок. Повисоките цени на бензините, струјата и на другите енергенси неминовно доведоа до нагорни корекции кај цените и на сите други производи. Конкретен пример за загризувањето на инфлацијата беше неодамнешното поскапување на лебот, што се случи во речиси сите пекарници во земјава.

Во мај инфлацијата била прилично ниска и изнесувала 0,2 отсто, во април таа била 1,4 проценти, во март изнесувала 0,7 отсто, во февруари била 0,6 проценти, а во јануари нејзиното ниво било многу ниско, само 0,1 отсто.

Во јуни во споредба со истиот месец лани цените на мало пораснале за 2,5 проценти.

Во јуни, пак, во однос на мај годинава, трошоците на живот покажале раст од 0,2 отсто, а цените на мало се на истото ниво.

Порастот на трошоците на животот од 0,2 процента е резултат на повисоките индекси на овошјето за 25 отсто, рибата за 0,8 проценти, производите од жито и преработките од месо за 0,6 отсто, преработките од риба за 0,3 проценти, сувото овошје, другите прехранбени производи и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто и свежото и киселото млеко за 0,1 проценти. Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај ПТТ-услугите за 3,8 проценти, услугите за образование и развој за 0,8 отсто, храната во ресторани и хотели за 0,7отсто, туристичките аранжмани за 0,3 проценти и превозот на патници за 0,2 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во јуни 2010 година, во споредба со јуни, е забележано кај зеленчукот за 5,9 проценти, јајцата за 3,1 отсто, млечните производи за 0,7 отсто и преработеното овошје за 0,1 процент. Намалување на индексот е забележано и кај нафтените деривати за 2,4 отсто, средствата за образование за 1,2 отсто, сообраќајните средства за 0,7 проценти и трошоците за одржување на автомобилите за 0,1 отсто.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите облека и обувки, домување, хигиена и здравје и останати услуги. Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во јуни 2010 година изнесува 12.170 денари и во однос на претходниот месец е пониска за 1,7 отсто. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 1445 пати.

Испрати коментар

Од: rada
Датум: 02.07.2010 00:16:51
aman so taa kosnica od 12000 toa e volsevbna kosnica so 10kg meso i 13kilo mleko i 26leba za 4cleno semejstvo a reralna cena na taa kosnica e 4 pati povece.
Од: nadidan
Датум: 02.07.2010 08:50:50
E, ako de plata nema,izvrsiteli ima , pari nema a golema skapotija,UBAVINA.......
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:52:12
Затоа и смртноста се зголемува.Што ќе и е народот на власта, таа си има партиски војничиња и властитутки.Им ја разгалуваат душата со лигавењата и упикувањата.

Најди! во Утрински
Економија
Зелен картон и осигурување
И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи
„Лето 2010“ на „ЕВН Македонија“
Поевтин роаминг и Интернет во ЕУ
Од август се „ладат“ сметките за мобилен
Сите бараат да падне задолжителната резерва
За стечајците потребни 12 милиони евра