ВМРО-ДПМНЕ не открива дали ќе го следи настапот, но брифира дека ќе бојкотира
Од редовното годишно обраќање на шефот на државата, Бранко Црвенковски, кое треба да се случи денеска во 12 часот на специјално свикана седница во Собранието, деновиве сосема непотребно се прави драма. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не открива дали ќе го следи настапот на претседателот Црвенковски пред парламентот и пред целата македонска јавност. Но, нејзини партиски функционери и пратеници брифираат дека размислувањата биле во правец да се бојкотира обраќањето на претседателот.
Од друга страна, неизвесно е и тоа какви пораки ќе испрати претседателот во своето последно годишно обраќање пред завршувањето на мандатот. Сепак, прогнозите во политичките кругови вчера беа дека „Црвенковски ќе настапи прилично остро, ќе упати прилично отровни стрели на повеќе адреси и нема да ја пропушти можноста да го искритикува премиерот Никола Груевски дека ја води државата во изолација“.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека „Црвенковски дојде на функцијата на фалсификувани избори и со полнење кутии. Тој дури ги помилува луѓето што го направија изборниот фалсификат. Така што Црвенковски за нас нема легитимитет“. Сепак, официјално се соопштува дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе го изгради ставот за тоа прашање. Пратеникот Зоран Петрески вчера изјави дека „ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став во однос на Црвенковски, кој не зависи од тоа колку време поминало од неговиот мандат, туку од начинот како ја добил таа функција“. Тој информираше дека конечната одлука ќе ја донесат на координацијата пред самата седница.
И од ДПА велат дека денеска ќе го изграделе ставот околу настапот на Црвенковски. Пратеникот Имер Алиу вчера им кажа на новинарите дека „ќе имало изненадување“. Останува да почекаме да видиме на какво изненадување мислеше Алиу, со оглед на тоа што ДПА ги бојкотираше сите досегашни обраќање на претседателот.
Шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, вчера преку медиумите и' порача на ВМРО-ДПМНЕ да размисли за тоа дека „кохабитацијата е сериозна забелешка на оваа Влада“. Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, потврди дека интегративците ќе го следат говорот на Црвенковски и додаде дека „треба да се почитуваат препораките од Брисел за политички дијалог“. (О.В.)
ako nastapuva kako predsedatel na državata toa ke bide dobro ako ko lider na SDMS kako što dosta pati go pravi toa ke bide sramota kako šef na makedonskiot narod
Од: blagojce
Датум: 18.12.2008 00:33:06
za niden presedatel netreba ni damuse dozvoli ni da zboruva
Од: Apsurdna zabava za narodot
Датум: 18.12.2008 00:37:54
Celata ovaa ujdurma ima za cel da go defokusira javnoto mislenje od katastrofalnite sostojbi vo drzavata.
Од: vrves
Датум: 18.12.2008 00:47:54
Sasmite koi gi napravi ovoj gospodin zasluzuvaat vnimanie.Dali da se pocituva vospostavena praktika e dilema na koja treba da odgovori samiot gospodi Crvenkoski.Bojkotot e nivno maslo(mislam na SDSM).No sepak nie kako VMRO treba da gi pocituvame principite koi sme gi vospostavile ni se dopagjalo toa ili ne.Poveke treba da se nasocime kon zbivanje na redovite ,vo pogled na stedenje redot i disciplinata.I sekakoda se prodolzi borbata protiv organiziraniot kriminal na site nivoa.Samo taka Makedonija ke odi napred.A ne zatoa sto nesto ke kaze gospgja Ivanoska i nejzinite privrzanici.
Од: JOVCE
Датум: 18.12.2008 00:59:49
Е благојче благојче...Добро е што има се помалку како тебе,прости луѓе!Претседателот е институција,човече боже!Ако не разбираш,па прашај,да му се невиди што значи претседател!!!
Од: Dolno Vodno
Датум: 18.12.2008 01:14:46
Pratenicite i Vladata, so bojktiranje na Ptresedatelot, uste ednas ke pokazat deka ne se dorasnati da gi zavzemaat mestata sto im gi doverile glasacite. So toa sto ke gi plasat onie koi go dale svojot glas na Pretsedatemot Crvenkovski, samo ke potvrdat deka Vladata, nemaniti politicka kultura ,niti domasno vospitanie niti na najobnicen grtagjanin koj saka cesno da bidat prestaven pred svetot, no i vo svojata zemja. Igranje"toplo ladno "i goenje prase vo oci Bozik, ne i dolikuva na Vlada koja go saka svojot narod i Makedonija i se "stremi "da vleze vo EU. A za falsifikuvani Pretsedatelski izbori, neka molacat, oti na site ni se vo sekjabvanja cestitkite koi gi primi pokojniot Tajkovski uste pred slabiot i "neizvesniot" vtor krug. Spored toa, "polnenje kutii" ne trebe mnogu da gi spomenuva VMRO kako opravduvanje za nekulturno politicko odnesuvanje kon Pretsedatelot , narodot i drzavata.