Руски медали за четворица истакнати Македонци
МОСКВА - Претседателот на Русија го потпиша Указот за награди на угледни Македонци со медал на Пушкин за голем придонес во јакнењето на односите меѓу Русија и Македонија. За популаризација на руската култура и јазик се наградени академиците Милан Ѓурчинов и Гане Тодоровски, потоа деканот на Филолошкиот факултет при Универзитетот " Св.Кирил и Методиј", Максим Каранфиловски, театарскиот режисер Иван Поповски, кој работи во Москва во "работилницата" на познатиот Петр Фоменко. Информацијата ја соопшти информативната служба на претседателот. (Б.В.)
|