Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Многу промотори - малку инвестиции

Промоторите имаат статус на дипломати, но никој од нив не е казнет за лоши резултати како дипломатите

Александрија Стевковска

Многу контакти, посети, бројни патувања, многу истрошени државни пари, но ниту една реализирана инвестиција како резултат на едногодишниот ангажман на 18 промотори ангажирани во 17 земји во светот е малку за досегашното работење на Агенцијата за странски инвестиции и економските промотори за изминатава година, оценуваат од опозицијата и независни експерти. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, пак, ја фали работата на економските промотори и не смета дека е лош резултат тоа што од остварени 5.000 контакти со компании и направени 2.000 презентации за можностите за инвестирање во Македонија, само 100 компании ја посетиле Македонија, а од сите нив се потпишани само два меморандума за соработка. Италијанската компанија која произведува куки за автомобили „Орланди“ и корејски „Тривју“, фирма која произведува ЛЦД- телевизори, имаат потпишано документ за соработка со земјава што, според Агенцијата за странски инвестиции, не е за потценување, а според експертите и опозицијата станува збор за пари фрлени во ветер, бидејќи на терен не се видливи резултатите од работењето на Агенцијата. Имено, промоторите имаат статус на дипломати, а нивните плати се различни и се во зависност од земјата каде што престојуваат и се утврдуваат според коефициентите на Министерството за надворешни работи, но во секој случај испумпуваат голем дел од народните пари.

„Концептот на Владата за привлекување странски инвестиции е сосема погрешен и значи залудно потрошени народни пари. 

Како прво, се трошеа пари за реклами кои требаше да ја прикажат земјава како рај за инвестирање и за кои не се знае колку чинат, а немаат ефект, а без ефект е и работењето на економските промотори. Потпишани два меморандума на толку контакти не значат ништо ако се знае дека тие не гарантираат дека навистина ќе се инвестира во Македонија“, вели Марјанчо Николов од СДСМ. Според него, кризата не може да биде алиби за неуспешното привлекување инвестиции.

Според професорот на Универзитетот на ЈИЕ, Абдулменаф Беџети, досега не се покажало како оправдано работењето на промоторите. „Ако се направи математика на трошоците за економските промотори и нивните резултати, ќе се види дека нивната активност досега не се покажа како оправдана. Владата преку промоторите ги промовира своите желби, а не работи на нивно остварување. За Владата беше и остана проблемот на имплементација на она што се сака да се постигне“, вели Беџети.

Првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции останува на својот став за пофалба на работата на промоторите кои, според него, имаат големи постигнувања. Недостигот од конкретен договор за инвестирање за Мизо е резултат на глобалната криза. „Во овој период некои компании, од една страна, не сакаат да дадат простор, време или состанок за презентирање на можните инвестиции во Македонија или во која било земја затоа што и ним им гори под нозете. Сепак, и во услови на економска и финансиска криза постојат компании кои се финансиски посилни и кои се лидери во своите сектори и гледаат во актуелниве моменти да се позиционираат на таков начин што би нашле нови локации кои по завршување на кризата ќе им дадат можности да бидат многу поконкурентни и финансиски посилни“, објаснува Мизо. Тој најавува дека од почетокот на 2009 ќе испраќа нови пет промотори во Турција, Шпанија, Канада, Катар и во САД.

Според странските експерти, Македонија треба да продолжи со активностите за привлекување странски инвестиции. Евтината работна сила и ниските даноци се адутите со кои земјава е привлечна за компаниите, порачуваат тие. Факт е дека економската криза глобално ќе влијае врз намалување на инвестициите и во претстојниот период инвеститорите ќе бараат помали трошоци за производство кои може да им ги понуди земјава.

За разлика од промоторите кои трошат пари, а не покажуваат резултати и Владата не ги казнува, некои дипломатско-конзуларните претставништва и амбасадори ја немаа таа среќа. Имено, економската дипломатија годинава, втор пат по ред, е критериумот според кој Владата ги казнува и наградува амбасадорите на Македонија во светот. Оваа година на списокот на оние кои не ги исполниле задачите за остварување минимум десет средби месечно со претставници на компании во земјите каде што се акредитирани и не покажале доволна активност се амбасадорите во Париз, во Стокхолм, Загреб и во Рим кои се казнети со по 10 или 20-процентно намалување на тримесечните приходи. Амбасадорите во Вашингтон и Киев особено се истакнале и поради тоа се наградени со 30 отсто зголемување на месечните приходи во рок од три месеци. (А.С.)


Статијата е прочитана 230 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe
Датум: 18.12.2008 00:44:44
Toa e najdobar dokaz kako ,,maliot Gjokica,, go razbira privlekuvanjeto na stranskite investicii. Okolu 90% od stranskite investitori otvoreno ukazuvaat deka ne se zadovolni so biznis klimata vo Makedonija a vlasta se odnesuva kako toa da se odnesuva na Trinidad i Tobago!
Од: od nekogo
Датум: 18.12.2008 01:12:00
Koga se davaat pogresni analizi i ne se saka da se progovori so stvarniot jazik imame spekulacii. Prestavnik sum na nekolku stranski renomirani firmi ( prvi vo svetot vo svojata branza). Od razgovorite so niv da im se ponudi - pokloni kompletna fabrika vo Makedonija ne bi ja zele od slednite pricini: - neresen katastar i sopstvenost - nereseno prasajne so denacionalizacijata i gradeznoto zemiste. -pogolema zastite na dolznikot otkolku na doveritelot. - nemajne Zakon za zastita na sopstvenosta - korupcija i kriminal nasekade rakovoden od politicarite vklucuvajki gi i sudskite odluki Posle ovaka izneseni i nabroeni faktori za neinvestirajne vo Makedonija se postavuva prasajne dali nie ke gi nadmineme ovie problemi ako navistina gi smetame za poroblemi ( jas licno se somnevam deka nasite politicari gi smetaat za problemi)so cel da zapocne nekoj intenziven ciklus na investirajne. Licno smetam deka krizata ne e problem bidejki samo do pred sest meseci ja nemavme; smetam deka Makedoni

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Студентите обвинуваат дека нивниот глас е замолчен
Се прави драма од обраќањето на Црвенковски
Руски медали за четворица истакнати Македонци