Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

... И уште нешто

Министерска средба

Интеграцијата во НАТО и стабилноста се стратешки приоритет за регионот кои ќе помогнат за негов развој и безбедност. Неопходен е максимален професионален и политички ангажман за исполнување на тој приоритет, порачаа министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Фатмир Бесими и Арбен Имами, по средбата во Тирана.

Економска програма

Министерот за економија Ваљон Сарачини се сретна со Брајан Агелер, вршител на должност амбасадор на САД во Македонија. Сарачини ја презентирал четиригодишната програма на Владата, ставајќи акцент на приоритетите - енергетиката, туризмот, инвестициите и претприемништвото. 

Дивоградби

Гостивар има капацитети да ги обработи и прими барањата за легализација на бесправо изградените објекти, но потребно е и продолжување на рокот за прием на документи, оценува гостиварскиот градоначалник Руфи Османи. Може и да се намали рокот за довршување на процедурите од шест на две години, рече Османи.

Обука на професори

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се реализира проектот „Обука на професори по француски јазик преку дисеминација на обуки следени во регионалниот франкофонски центар за централна и источна Европа“. Цел е да се унапреди изучувањето на францускиот јазик во училиштата и на универзитетите во Македонија. 

Дијалог во Тетово

Јавна дебата на тема „Културните различности во Тетово“ се одржа во тој град во организација на невладините организации Мултикултура од Тетово и Мултимедија од Скопје, општина Тетово и Министерството за култура. Активноста е во рамки на проектот „Топол културен бран 2011“. Целта е зближување на тетовци.








#
Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Од утро до вечер банките ѕвонат за неплатен долг
Се стега ременот за лекување во странство

"""