|
|
|
|
|
|
Се стега ременот за лекување во странство
Од вкупно 449 барања, на лекување во странство лани заминале само 300 пациенти, а дури 68 пациенти биле одбиени
Јасмина Јовановска
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) го стега ременот за лекување во странство на државна сметка. Од вкупно 449 барања, на лекување во странство лани заминале само 300 пациенти. За толку пациенти Фондот за здравствено осигурување одборил пари да се оперираат или лекуваат во некој од странските центри.
Дури 68 пациенти кои лекот за болеста го барале надвор од нашиот здраствен систем, биле одбиени. Бројот на одбиени барања е речиси двојно зголемен.
Ова се вели во извештајот за работата на ФЗО за минатата година, во кој е наведено дека бројот на одбиени барања во споредба со 2009 година е зголемен и тоа од 11,4 отсто на 23,8 отсто. Штом Фондот е се' построг во одобрување на лекувањата во странство, добрупатени извори велат дека не треба за зачудува тоа што во јавноста постојано има пациенти кои молат за донирање на средства за да може да стасаат во болницата во странство што им нуди лек за нивната болест.
Една од причините за зголемувањето на одбиените барања за лекување во странство, што ја наведува Фондот во извештајот, е тоа што стручните мислења издадени од лекарите од македонските болници биле неосновани. Ова го констатирала фондовската комисија.
Барањата најчесто биле одбиени, затоа што за болниот кој барал да се лекува надвор до земјата, не биле докрај исцрпени сите можности за лекување во македонското здравство, или пак, поради тоа што не постоеле можности за успешен третман во странската болницата каде бил упатуван болниот. Пациентите кои биле одбиени, Фондот ги советувал дека може да се жалат до второстепената комисија при Министерството за здравство.
За разлика од Фондот, Министерството за здравство било со поинаков став за дури половина од одбиените пациенти. Од вкупно 73 жалби, второстепената комисија ги прифатила приговорите на дури 43 пациенти или околу 60 отсто од жалбите биле прифатени и пациентите заминале на лекување во странство. Ова е само уште еден факт дека Фондот е се' построг за лекување во странство. Од Фондот не добивме коментар зошто дури 60 отсто од одбиените пациенти Министерството сепак ги пуштило на лекување во странство.
Во потрага по лекот во странство, најчесто пациентите одат за лекување на очни заболувања. Или од 300 лекувања, дури 157 биле за интервенции на очите. Втори по фреквенција се операции на срце кај децата. Лани за кардиолошки детски услуги заминале 75 деца. Невролошките заболувања се трети на листата на болести поради кои најчсто се патува во странство. Најчеста дестинација за лекување во странство се болниците во Бугарија, Србија и Русија. За 300 -те лекувања во странство, Фондот лани издвоил околу 2,8 милиони евра или тоа е за околу 16 отсто помалку од 2009 година кога биле дадени речиси 3,3 милиони евра. За еден пациент Фондот во просек потрошил, окол 9.200 евра. |
#
|
Статијата е прочитана 722 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Коста Стоименовски |
Датум: 23.08.2011 00:23:06 |
|
Старо/новиот премиер Груевски во предизборната кампања ветуваше дека за лекување во странство пациентите ќе плаќаат максимално 200 евра! А, сега „Пу-пу, не важи“. Но, не само тоа, туку максимално се заоструваат критериумите за лечење во странство! Илјадници луѓе чекаат за пререгистрација на невработените и бројчиња за срдавствено осигурање! А, сите тие маченици откако ќе си го „решат“ својот случај забораваат на маките и гласат за оние што ги малтретираат! „Баравте гледајте“! |
|
|
|
|
|
|
Од: Џиу џицу или ЖИВОТ? |
Датум: 23.08.2011 02:20:36 |
|
Се поставува прашање во каква состојба се ОДБИЕНИТЕ и дали СЕ УШТЕ ЖИВИ? Обично кога ќе дојде работата до интервенција во странство се работи за прашање живот или смрт...како онаа од Обединети за Македонија- Слобода или СМРТ! Важно Министер ние писмено дете кое плус тоа е ЗДРАВО а знае и џиу џицу! |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 23.08.2011 08:22:13 |
|
Лесно е да се ветува,тешко е да се остварува.Ако се нема пари за домашното здравство,нормално е дека за лекување во странство ке биде уште понеостварливо.Само што некој кога плука пред избори сега го лиже.Џабе им се бројките што кажуват дека толку и толку милиони оделиле за здравство.Каде беше бесплатното здравство за секого.Но што се важни живите луѓе,тие се раѓат и умират а спомениците се вечни и ќе биде познато нормално во историјата во чие време се градени.Но на овој народ таква влада му треби. |
|
|
|
|
|
|
Од: jas |
Датум: 23.08.2011 14:16:13 |
|
pa sto barame vo stranstvo, neli kupivme najsovremeni aparati, vrabotivme najdobar partiski kadar, kade e greskata???? |
|
|
|
|
|
|
|
|