Девојка прободена со нож во женска тепачка
Една девојка е повредена со нож во женска тепачка што се случила во Гостивар. Како што соопшти полицијата, С.З.(27) од Гостивар била примена завчеравечер околу 21,40 часот во болницата со повреда од нож. По разговорот со неа, утврдено е дека во куќата каде што престојувала под кирија, дошло до расправија, а потоа и тепачка меѓу неа и нејзината гостинка Д.К.(16) од Гостивар. Во еден момент, Д.К. зела нож и ја прободела С.З. во пределот на десната потколеница. |