Љубоморен Македонец со спреј и' се одмаздил на Словенка
ЗАДАР - Љубоморен Македонец и го ишарал со спреј возилото на поранешната девојка додека била на летување во близина на Задар, Хрватска. Како што пишува весникот „24 часа“, дваесет и осумгодишниот Македонец, не можејќи да се помири со тоа дека неговата поранешна девојка од Словенија си нашла нов свршеник, одлучил да и' се одмазди. Откако и го ишарал „БМВ-то“, полицијата против него поднела пријава поради оштетување и уништување туѓа сопственост. Според весникот, Македонецот и 22-годишната Словенка порано биле во врска, но ова лето таа заминала на одмор во Новиград крај Задар, со новото момче, со кое се свршила пред неколку дена. Таму ја следел и Македонецот, кој се обидел да стапи во контакт со неа, но таа, наводно, одбивала средба.
Откако и' го дознал мобилниот број, наводно, постојано и' се јавувал и се претставувал со лажни имиња. Откако успеал да дознае каде се сместени и откако слушал дека се свршиле, својата лутина ја истурил на автомобилот. |