Побегнал осуденик од тетовскиот затвор
ТЕТОВО - Затвореникот Неџбедин Красниќи од Тетово вчераутро околу 4,30 часот побегнал од тетовскиот затвор. Според информации од Управата за извршување кривични санкции, осуденикот издржувал затворска казна од три години. Осуден бил за кривично дело кражба. Казната почнал да ја извршува од 15 јули. Од наредната седмица веќе се стекнувал со право на слободни викенди. Красниќи бил сместен во полуотвореното одделение на затворот. (Г.Е.) |