Стипендии за талентирани ученици
Училиштето „Нова“ и фондацијата „Борис Трајковски“ и годинава ќе доделат три целосни и десет делумни четиригодишни стипендии за школување на талентирани ученици за учебната 2009/2010 година. Рокот за поднесување апликации трае до 5 март. Услови за конкурирање се солидно познавање англиски јазик, одличен успех од петто до осмо одделение, препораки од директор на училиште, наставник по англиски јазик и наставник по избор. (Д.Р.) |