Противпожарно возило од Англија
ШТИП - Градоначалникот на Општина Штип, Панде Сарев, и Брус Хоад, претставник од доброволното противпожарно друштво „Операција Флоријан“ од Англија, вчера потпишаа договор за соработка и донирање едно противпожарно возило.
„Годинава во Македонија ќе донираме пет противпожарни возила. Едно од нив за еден месец ќе пристигне во Штип“, изјави Хоад. Минатата година од Англија во Македонија беа донирани четири противпожарни возила.
„Воланот на возилата е од десната страна, се согласуваме дека не е според вашите стандарди, но досега немало проблем таму каде што сме донирале“, изјави Хоад. (Д.Р.)
|