Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје

Џамијата Араста се обновува без дозвола

За поглаварот на ИВЗ изградбата е легална, а проектот го оспорува Националниот конзерваторски центар

Деспина Трајковска

Без градежна дозвола и без согласност од Националниот конзерваторски центар, Исламската верска заедница вчера официјално започна со обнова на џамијата Араста во Старата чаршија, разурната во катастрофалниот земјотрес, а изградена пред пет века. ИВЗ ќе ја обновува џамијата исклучиво со сопствени средства, иако постојат проекти за обнова на објектот од страна на државните институции.

Според Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ, верскиот објект не е дивоградба во овој случај и се гради на земјиште во сопственост за заедницата. „Објектот го обновуваме на легален начин, на земја што е во наша сопственост. Дозвола за градба не ни е потребна, бидејќи, според законот, во случај кога верски објект е разурнат во елементарна непогода, а Араста-џамијата настрада токму во скопскиот земјотрес, не се потребни одобренија за обнова“, рече вчера поглаварот Реџепи, кој потенцираше дека џамијата по обновата ќе биде иста како некогаш.

Во Националниот конзерваторски центар, пак, вчера беа изненадени од односот на ИВЗ. За нив е нејасно како Заедницата почнала проект за обнова на верскиот објект кога немаат ниту градежна дозвола, ниту, пак, дозвола од нив, бидејќи станува збор за споменик на културата. Згора на се', од Националниот конзерваторски центар на земјиштето на разурнатата џамија вршеле археолошки истражувања.

„Со овој потег од ИВЗ направија голема штета, бидејќи на локалитетот имаше значајни откритија, а се' уште се вршат археолошки истражувања. Практично, тие вршат обнова на вандалски начин. Имавме проект токму за обнова на истата џамија, кој се' уште чека на одобренија од надлежните институции. Дури од градот Бурса обезбедивме пари за обновата“, изјави вчера Бехаџудин Шехапи, директор на Националниот конзерваторски центар.

Тој тврди дека проектот, според кој ИВЗ, ќе ја обновува џамијата, не е во согласност со бараните стандарди, а делумно е плагијат на проектот врз чија основа државните институции планирале обнова на џамијата.

Шехапи посочи дека викендов кога од ИВЗ го подготвувале теренот за почеток на обновата на џамијата, направиле огр��мна штета, оти булдожер урнал остатоци стари неколку века, како и подот во џамијата, кој имал голема историска и културна вредност од 15 и 17 век.

Од Општина Чаир вчера не сакаа да коментираат за случајот.


#
Статијата е прочитана 807 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 23.04.2010 03:02:27
Kakva dozvolja bre, gjauri niedni? - Taka i Turcite ne izvadile dozvola pred 5 veka pa sto. Vo sto e razlikata megju niv i nas? - Vo nisto, ke terame po svoe, ke im gi cementirame glavite na glupavata raja i ke ne slusaat samo nas. - Dragi sogragjani, prestanete da gradite damii i crkvi, spomenici i razno razni gluposti od koi samo malkumina se ofajduvaat. Nasocete vasata idea i pamet kon najgolemiot problem vo vasata drzava, nenormalnata siromastija....bezperspektivnosta za mladite...i.t.n...dodeka ne e kasno zasekogas. Pozdrav do site.
Од: Goran
Датум: 23.04.2010 08:47:12
bravos... skopje poleka stanuva muslimanski grad
Од: hi ,
Датум: 23.04.2010 11:35:07
skopje od sekogas bil muslimanski grad, kacise na kale i frlimu eden pogled, skopje e orjentalen grad
Од: Skopjanec
Датум: 23.04.2010 11:57:05
"Skopje stanuva muslimanski grad"!!!Skopje otsekogas bil muslimanski grad,ako pogledas nanazad vo istorijata.Posle vtora svetska vojna,pravoslvnite "komunisti",ja menuvat demografskata slika na Skopje,so nasilnata migracija vo Skopje,kade sto gi nosat lugeto od cela Makedonija,so pravoslavna religija vo Skopje,davajki im raboti,stanovi,i red drugi privilegii,na toj nacin opustusuvajki gi selata i gradovite vo Makedonija so pravoslavno zitelstvo.Za oni pomladite generacii sto ne znaat za Sk,toa e vistinata za Skopje.Pravoslavnite ekstremni sil nastojuvaat da ja "zamackaat" vistinata gradejki krstovi na Vodno,i crkvi vo centarot na gradot,so edna cel,"da se skrie vistinata za SK"..
Од: Cybersex® во Земјата на Чудата
Датум: 23.04.2010 14:22:59
Па зарем не гледате дека си наликуваат едни на други? Како и политичарите,така и Оџите и Поповите,сите - во Политика и Бизнис! До гуша! Дрскост невидена,а врв беше изјавата: „Дозволата ќе ни ја достават денес, утре...!“!

Најди! во Утрински
Скопје
Карпош се поднови со товарно возило
Родени шест животни во ЗОО
Две големи дупки зјаат во Скопје
Замена на азбестните водоводни цевки