Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Скопје
Родени шест животни во ЗОО

Во Зоолошката градина вчера имаше два повода за прослава. Во ист ден градината доби дури шест принови, а прими и донација од Стопанска банка вредна 10.000 евра, која ќе се намени за изградба на кафези за орли и за јастреби.

Речиси неочекувано за вработените, во ист ден во Зоолошката на свет дојдоа две лами, две берберски кози, пони и еден белоглав орел. Според директорот Дане Кузмановски, сите принови се живи и здрави и веќе се приспособуваат на условите за живот, откако претходно им се извршиле неопходните лекарски прегледи.

Инаку, во ЗОО на 20 мај се очекуваат да пристигнат три нови животни. Станува збор за женки лемури-мајмуни со прстенести опашки, кои ќе живеат заедно со шесте мајмуни од истиот вид, кои во градината се вселија пред нецел месец, а беа подарок од ЗОО од Амстердам. (Дс.Т.)

#
Статијата е прочитана 1320 пати.

Испрати коментар

Од: Коко
Датум: 23.04.2010 08:39:41
Поздрав, од Амстердам, до другарите во ЗОО Македонија!
Од: od mene
Датум: 23.04.2010 09:19:53
Конечно убава вест... За жал нема коментари, очигледно сите ги интересира политика. Трагедија
Од: Posetitel
Датум: 23.04.2010 09:49:52
Golemo B R A V O za direktorot na zoloshkata. Veke redno vreme beshe i nie da dobieme ubava zoloska... Samo napred !!!!
Од: anastazija
Датум: 23.04.2010 12:08:19
fala bogu malce da zivne zooloskata.. ali mora i da poprskaat malce da mirisa podobro... toa im e mnoguuu golem problem..... ali toa e otom potom!
Од: cheshma
Датум: 23.04.2010 12:10:55
lemurite bea od Holandija no ne se od Amsterdam od druga zooloska se! I ne se 6 tuku 7 mazjaci! Novinarot neka se dooinformira ili barem neka ja proveri i svojata informacija a i toa sto drugite mediumi prenele!

Најди! во Утрински
Скопје
Карпош се поднови со товарно возило
Џамијата Араста се обновува без дозвола
Две големи дупки зјаат во Скопје
Замена на азбестните водоводни цевки