Една година по одржаните вонредни парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ однесе триумфална победа, премиерот и партиски лидер, Никола Груевски, одлучи да го проветри владиниот кабинет. Смените почнаа од вицепремиерот за евроинтеграции, Ивица Боцевски, а завршија со министрите за земјоделство, Ацо Спасеновски, и за образование, Перо Стојановски, како и министерот за финансии, Трајко Славески, кој е најкрупна ѕверка во овој отстрел.
Но, останува клучното прашање што станува со министерот за правда, Михаило Маневски, кој беше фатен на дело за земање плата и пензија во исто време. Дали како покритие за срамот што Маневски и' го нанесе на Владата ќе послужи смената на генералниот секретар Стојан Тодоров или, пак, и неговата смена е само добро смислен маневар за да се покријат други работи. На овие прашања премиерот Груевски ќе треба да смисли реален одговор бидејќи е јасно дека без смена на Маневски целата владина реконструкција нема никаква смисла.
Енигма е и зошто Груевски отворено не пристапи кон реконструкција, туку одбра смената на министрите да ја изведе претходно, изнудувајќи оставки од нив. На тој начин, Груевски се доведе во непријатна позиција министерот за финансии Славески да му откаже послушност и да не даде оставка. Со тоа премиерот и партиски лидер ризикува кризата од Владата да се пренесе и во партиските редови. Трајко Славески до неодамна беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото име на партиската веб-страница е рангирано на високото трето место на листата на членови на Извршниот комитет, веднаш зад партискиот лидер Груевски и генералниот секретар Мартин Протоѓер.
Начинот на кој Груевски го отстрани Славески од Владата отвора и многу други дилеми. Никој не ве��ува во можноста Славески да водел самостојна политика во неговиот ресор, особено ако се знае табиетот на Груевски да биде министер над министрите и неговото претходно искуство на местото министер за финансии. Преку смената на Славески, Груевски ја прекинува единствената нишка што го врзуваше со старото ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сите други од неговата сегашно опкружување се новокомпонирани вмровци.
Денеска несомнено за Владата нема да биде пријатен денот, бидејќи во парламентот ќе се одржи расправа за оставките и за наследниците на разрешените министри. Славески веќе најави дискусија на која ветува дека ќе каже нешто во своја одбрана. Би било добро јавноста да слушне нешто повеќе и за вмешаноста на политиката во образованието, за што во својата оставка пишува министерот од овој ресор Перо Стојановски, за кого тоа е една од причините за повлекувањето.
Нема дилема дека најновите случувања во Владата означија крај на монолитноста во нејзините редови, и тоа не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку и во односите со ДУИ. Коалицискиот партнер Демократската унија за интеграција (ДУИ), која цело време ги брифираше медиумите за потребата од владина реконструкција, сега како едвај да дочека да му удри контра на Груевски. Партискиот потпретседател Џевад Адеми вчера јавно изјави дека нема потреба за смена на министри од нивните редови. Тоа без друго е порака до Груевски дека тој како премиер нема надлежност над министрите од ДУИ.
Овие денови е забележливо отсуството на премиерот од јавноста. Како да му завршија среќните денови на пуштање во употреба патишта, водоводи, спортски сали. Сега, кога треба да даде одговори на многубројните прашања што ги поставува јавноста, инаку агилниот Груевски реши да се затвори дома.
Можеби Груевски смислува нови оставки на министри. А можеби и ќе се осмели најпосле да го смени и Михаило Маневски, кој на несфатлив начин го издигна на пиедестал иако во очите на јавноста остана без кредибилитет за вршење на функцијата. Без смена на Маневски, операцијата за проветрување на Владата ја губи смислата и го прави Груевски уште поранлив наместо постабилен на премиерското место.
Ами, ова веќе може да добие име - „Грујов парадокс“. Ако тој самиот не е задоволен од рабоатата на владата (својата) како тоа народот да е задоволен од работатз на владата (неговата)? Нешто Грујо како да стои лошо со логиката.
( http://www.otpor.net.tf )
Од: kris
Датум: 10.07.2009 01:21:28
Подобро е да се смени не само Маневски, ами и Груевски........................ ќе се спаси Македонија...................
Од: Boban
Датум: 10.07.2009 05:10:45
Se nadevam i se raduvam deka ova e pocetok na krajot na ovaa vlada .Ubedlivo najnesposobna i najlosa vlada vo MK za ovie 18 god.
Sto pobrgu si zamine Gruevski tolku podobro za Makedonija ,....tolku pobrgu ke moze da se nadevame na nekakvo zazdravuvanje .....Mada kolku gomnenici napravija tesko ke bide i cel Vardar da ne ispere ....
Gruevski odi si Te molime ...dosta ne spasuvase se podavivme od tvoeto spasuvanje !
Од: KBR
Датум: 10.07.2009 06:20:25
"Kraj na monolitnosta na BMRO-DPMNE" , abe pusti zelbi Kramarska na tebe i na bratijata pozadi tebe, eden minister ili premier ne ja davaat monolitnosta na VMRO-DPMNE ( vo toa se uveri i vojvodata so jareska brada, a i na brat Ljube ke mu se razjasni), clenstvoto i narodot stoi pozadi VMRO-DPMNE, a duhot i idejata se vodacite na nejzini.
Kolku da znaes Kramarska...
Од: Ама ме насмеавте
Датум: 10.07.2009 07:37:31
Славески бил стар ВМРО-вец!?!?!?
Од: Трпе
Датум: 10.07.2009 08:12:22
Многу нема што да се очекува и од реконструираната влада.Тие ќе продолжат ,комотно да си уживат 24/7 , работејки нешто за свој интерес.Се прашувам дали Македонија не е веке конфедерација ?Дали министрите одговарат пред партиските лидери или пред премиерот?На здравје,барем да не се нервираме ,тоа ќар ќе ни остане.
Од: KPMarija
Датум: 10.07.2009 09:49:50
G-go Kramarska edinstveno neshto za shto ste vo pravo vo vashava " kolumna" e deka Premierot i VMRO-DPMNE na vonrednite parlamentarni izbori odnesoa triufalana pobeda , narod im ja dade svojata podrshka kako nikogash dosega, neshto shto na SDSM nikogash ne se slucilo nitu ke se sluci so sega navodnoto vrakanje na nivniot partiski shef .... Ottuka so ovaa podrshka koja ja uziva ovaa Vlada i VMRO-DPMNE se svesni za odgovornost i go slushaat glasot na narodot , ako toj glas vika deka treba da se smeni nekoj funkcioner toa Premierot i ushte podoblesno ministri go pravaat toa samite ...
Од: Projko
Датум: 10.07.2009 14:09:44
Владите ќе доаѓаат и ќе си одат; државата останува! Но, за да ја биде, треба со посветеност да се гради, а не со мангуплуци и марифетлуци. Значи, не е пролем кој е министер, премиер, туку каков е тој. Од Кљусев и Груевски подобри премиери до денес,за жал, не видовме. И се прашувам: дали е до премиерите, до политичкиот амбиент, или домашните предавства, не сум паметен да знам, само сум тажен...Македонија и премногу и предолго е манипулирана, а најстрашно е тоа што таа игра ја водат најнапред луѓе одвнатре. Ако на тоа се додаде што ни е направено и однадвор, тогаш човек треба да викне до Бога, за тој да стави крај на сите измами, од каде и да доаѓаат тие. Не видовме зрелост и кај овие што денес критикуваат, а на младите кадри не им даваат да припарат ниту во партијата ниту во власта. Страшно! И срамно! Нашите стари беа сиромашни Македонци, ама горди. Денешниве, и тоа нај презаситените - само лелекаат. А лелекаат не за подобро утре на сите, туку за власт, сласт, чест и слава....