Ќе се санира патеката за ролери
Ролерско-велосипедската патека на кејот во Карпош наскоро ќе биде санирана, најави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој информираше дека е завршен изборот на изведувач што треба да ја санира патеката, која на неколку места е речиси целосно уништена и го попречува нормалното возење со велосипеди и со ролери.
Предвидено е да се санира со истиот специјален материјал во црвена боја од кој е изградена. Градоначалникот најави дека обновата на патеката ќе стартува наскоро. (Дс.Т.) |