Дневен хороскоп
Овен
Функционирате растргнати на сите страни. Мора она што сте го започнале да го сопрете, бидејќи ќе бидете задоволни доколку некои нешта не завршите. Искористете ги организаторските способности кои денес ви одат во прилог. Со Стрелците ќе остварувате идеална комуникација. Фокусирајте се на нив.
Бик
Се обидувате да се насочите на работата и здравјето, бидејќи на тоа поле претходните денови лошо ви одеше. Во семејството ќе имате значајни промени, па затоа не оптеретувајте се со тоа што не ви оди. Свртете се кон пријатните случувања, барем во мислите.
Близнаци
И понатаму брзате како луди. Не размислувате дека ќе ја потрошите енергијата и ќе западнете во друга крајност. Кога нас ни е најдобро и сме најаки ги криеме поразите. Тоа е нормален тек на нештата. Доброто и лошото се дел од животот. Затоа подгответе се за наредните настани. Ви се советува лежерна комуникација.
Рак
Ќе донесите одлука поради која може да имате сериозни проблеми. Тоа првенствено се однесува на емотивниот живот. Почнавте да грешите на тој план, па партнерот е на работ од нервен слом. Бидејќи сеуште не е доцна да се вразумите, свретете се барем кон работата.
Лав
Пред вас е успешен деловен ден. Наоѓате време за саканата личност и за омиленото хоби. Со еден збор ќе уживате. Моментите што ви претстојат се идеални за се што сте замислиле, под услов да не претерате. Стрелец во многу работи ве подржува.
Девица
Не сакате околината да ве види кога немате волја за ништо, па се повлекувате во сопствен свет, во кој работите нешто што ви причинува задоволство. Една од причините за лошото расположение е извесен здравствен проблем или прекин на некое пријателство. За што и да станува збор излезот е брз.
Терезеија
Очигледно сте претерале во работата, па се чувствтувате исцрпено и уморно. Не сакате фамилијата да забележи дека нешто не е во ред со вас, па вешто ќе одглумите. Доколку некој се обиде да ве допре, може да настане конфликт. Толку многу работи сте собирале во себе. Со спорт ублажете го стресот.
Скорпија
Со партнерот никако да се усогласите. Треба да го промените или пак нешто да промените кај вас во односот спрема него. Обидете се да не му се спротивставувате, туку на неговите провокации да преќутите. Тоа е најпаметен потег. Зборливоста во последните денови и тоа како ве чини многу.
Стрелец
Спрема се' сте серизони. Околината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојувањето да ја одберите потешката варијанта. Доколку некој добронамерно ви укаже на вашите грешки, ќе се лутите. Не дозволувате никој да влијае на вас, макар тоа да е и со добри намери.
Јарец
Реално ја согледувате ситуацијата, спремни да изреагирате на најдобар можен начин. Не сте во дилема, бидејќи луѓето и нештата ќе ги ставате на заслужното место. Морате да бидете внимателни во сообраќајот и останатите видови на комуникација поради можноста од повреди.
Водолија
Она што доживувате овие дена е својствена изолација, било да е доброволна или предизвикана од виши околности. Самотијата е најдобар другар, па искористете ја конструктивно. Обидете се да избегате од болката. Никогаш не сме успешни онолку колку што сакаме. Вреди да се обидите.
Риби
Лесно остварувате контакти и го постигнувате она што ви е потребно. Тоа првенствено се однесува на љубовта. Многу припадници на знакот доживуваат незаборавни моменти опиени од нежниот љубовен бран. Искористете го бидејќи се што е убаво кратко трае.
|