Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Македонија

Кавадарци ќе се поднови со нов храм

Ангел Данов


КАВАДАРЦИ - Интензивно се работи на изградбата на храмот посветен на Света Петка, што започна да се гради во Кавадарци во почетокот на оваа година. „Ако со нешто може да се пофали македонската земја и македонскиот христијански народ тоа е вековното градење на овие храмови посветени на Бога и неговите светии“. Ова, меѓу другото, го изјави во Кавадарци, Архиепископот на МПЦ, Стефан. Тој го посети градот заедно со Митрополитот Агатангел за да видат до каде е изградбата на „Света Петка“.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и донаторите на црквата, бизнисмените од градот, потенцираа дека црквата ќе биде готова до 8 август, кога ќе се постават и темелите на камбанаријата.

Новата црква е лоцирана во центарот на Кавадарци, во близина на хотелот „Фени“. На оваа локација требаше да се гради црква од поодамна, но поради огромните димензии на тогаш проектираната црква, изградбата никогаш не започна.

Фасадата на црквата ќе биде од камен кој рачно се обработува на самиот објект. Работата е доверена на искусната тајфа на мајсторот Ристо Гроздановски од Мала Преспа, Албанија која брои деветмина искусни мајстори ѕидари. Каменот со светла боја кој се набавува од Мариово и има одличен квалитет е исклучително добар за изградба на фасади. Иконостасот ќе се гради од мермер.

Во изградбата на црквата донира најголемиот дел од бизнис заедницата, а главните донации се од „Фени индустри“ и „Кожувчанка“. Општина Кавадарци бесплатно и' го отстапи градежното земјиште на МПЦ на трајно користење. Од иницијативниот одбор за изградба нагласуваат дека во новата црква ќе има венчавки и крштевки.

„Имаме и два параклиси. Едниот посветен на Св. Јован Крстител , а другиот на Св. Климент Охридски. Очекуваме до 8 август на денот на Света Петка црквата да биде изградена до ниво на карабина, а и да бидат оформени параклисите“, најави претседателот на иницијативниот одбор Митко Јанчев, сопственик на„Кожувчанка“.


#
Статијата е прочитана 586 пати.

Испрати коментар

Од: Ani
Датум: 02.07.2011 11:33:35
A da se podnovevme so nov mozok?
Од: Sasko
Датум: 03.07.2011 15:17:28
Знае ли авторот каде е центарот на градот? Црквата е на самата обиколница на градот, па тоа не е центар.

Најди! во Утрински
Македонија
Бакарот го враќа оптимизмот во Пехчево
Во „Жабени“ ќе се гради млекарница
Општините и невладините недоволно соработуваат
Стружани добија вода

"""