Антикорупциската комисија ги тресе и судиите. Од Судскиот совет побара да утврди одговорност за судија од Основен суд Скопје 1, кој ослободил од вина функционер за неподнесен анкетен лист за имотната состојба. Делителот на правдата се повикал на дипломатскиот имунитет на функционерот, иако имунитетот не важи за сопствената држава.
Иницијативата на антикорупционерите до Судскиот совет подразбира поведување постапка за утврдување нестручно и несовесно вршење судиска функција.
Во Државната комисија за спречување на корупцијата потврдија дека во непознавање на правото се истакнала судијката Станка Везенковска, а дека погрешната одлука се однесувала на поранешниот генерален конзул на Македонија во Торонто, Слободан Трајковски.
По поднесено барање на Атикорупциска за поведување прекршочна постапка против именуван функционер, судијата спротивно на Антикорупцискиот закон донел пресуда со која го ослободил обвинетиот од одговорност, рече на вчерашната прес-конференција претседателката на ДКСК, Мирјана Димовска. За овој прекршок во 2006 година била предвидена казна во висина од 20.000 до 50.000 денари.
„Од Судскиот совет се бара да го оцени вршењето на судиската функција, затоа што тој и' ја достави пресудата на Државната комисија речиси по една и пол година од нејзиното донесување. Законскиот рок за доставување е 15 дена“, изјави Димовска.
До надлежните судови се поднесени барања за поведување прекршочна постапка против четворица министри кои не поднеле анкетен лист по престанок на функцијата, Арификмет Џемаили, Аднан Ќахил, Живко Јанкуловски и Абдираман Мемети. Исто барање е поднесено и за Имер Алиу, кој не поднел анкетен лист откако ја променил функцијата, за двајца судии кои не поднеле анкетен лист по престанок на функцијата, за судија кој не поднел анкетен лист по стапување на функцијата, како и за градоначалник кој не поднел анкетен лист по престанок на функцијата, информираа во Антикорупциската комисија. Димовска соопшти дека од овој месец ќе профункционира поврзувањето на базите на Државната комисија и Управата за јавни приходи, со што се забрзува и поедноставува постапувањето по анкетните листови. (К.Ч.)
Vreme bese Dimovska da trgne vo napad,samo neznam do koga ke bide taka.Te pozdravuvame i ohrabruvame da istraes vo ovaa borba so korupcijata
Од: vistinski antikorupcioner
Датум: 18.10.2008 13:16:43
Bivsiot partiski sekretar na SK na MRT,desetgodisen nelegalen Pretsedatel na Zdruzenieto na novinarite na Makedonija,koja sto dobro se ofajdi od prihodite na nivniot restoran,drugarkata Mirjana Dimovska-Kusakatska,ocigledno se podgotvuva za tret nelegalen izbor za Pretsedatel na Antikorupcijata,nadvor od site zakoni i pravila.Vadi predmeti od pred Noe,se zanimava so marginalni raboti,a nas ne kradat pred oci,drzavata ni se raspagja po site osnovi.A najstrasno od se e deka nema pojma od vazeckata legislativa.
Од: MK
Датум: 18.10.2008 14:00:08
Сето тоа е мижи Митре фати .......
Од: jimmy1
Датум: 18.10.2008 15:34:44
Koga ke go istresite Lupco so 14te kokoski, Grujo sto nema stanovi i bandata nivna. Ne mozam raat da spijam dodeka ne go zatvorat Lupco bugarinot, najgolemiot makedonski aramija.