Пратениците - уставотворци бараат помош од парламентот
Пратениците - уставотворци побараа помош од парламентот откако Владата ги одби, искажувајќи негативно мислење за нивната иницијатива законски да им се реши социјалниот статус - правото на пензија. Пратениците од првиот парламентарен состав и министрите од експертската влада со писмо им се обратија на своите колеги од овој состав и ги повикаа да го потпишат текстот на Предлог-законот и да го стават во собраниска процедура. „Вашата доблест нека покаже државничка мудрост и почит спрема оние што ве удостоија да седите во пратеничките клупи на самостојна и суверена Македонија“, стои во писмото.
Меѓу овие поранешни државни функционери, кои учествуваа во ставањето на темелите на државата, има и такви кои буквално се на улица, без пензии, здравствено и социјално осигурување.
Во писмото од Здружението на пратениците и министрите од 8 јануари до 19 ноември 1991 година до спикерот Трајко Велјановски и до пратениците се вели дека „Владата демонстрира недржавнички однос спрема луѓето кои одиграа историска и неповторлива улога за државата“. Членовите на ова Здружение за скандалозно го сметаат образложението во владиното мислење дека во Буџетот не се планирани средства за оваа намена и дека донесувањето ваков закон ќе предизвика дополнителни фискални импликации. (О.В.)
Ne samo sto vo budjetot nemalo planirno sredstva za vakvi namine i ce dovede do finansiski implikacii, no ova baranje e potpolno nezakonsko. Imeno tie kako pratenici izbrani od narodot imale svoj mandat za koe vreme gi uzivale site prava definirani so zakon, akoi proizleguvaat od nivniot mandat. Posle zavrsuvanje na mandatot vo imaat pravo na vremenska apanaza i toa e toa. Ne znam sto sakaat povece ? Da ne sakaat da gi zastitime kako lickite medvedi ili africkite nosorozi. Pa vo ovaa zemja ima polno ludje koi ne po svoja vina ostanale bez rabota , stecajci , nevrboteni , socijalno zagrozeni i sto ce pravi Fondot za penzisko ako na site niv im se dade penzija. ednostavno ce krahira. Penzijata se zasluzuva so rabota i ispolnuvanje na uslovi propisani so zakon , a ne so nekakvi odluki kako da se raboti za medalji ili ordeni. Site gradjani sporeed uUstavot i Zakonot se ednakvi i ravnopravni, ili mozebi nasite eks pratenici mislat deka se poednakvi od drugite?!!
Од: vesna
Датум: 18.10.2008 09:39:21
Пишувате:’’ некои од нив се буквално на улица, без пензии. без социјално и здравствено осигурување’’.Епа баш ме интересира кои се тие, или само колку нешто да се напише, да се пополни простор.