Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Македонија ќе ја претставуваат амбасадори на Самитот на франкофонијата

Нашата земја првпат учествува како полноправна членка по приемот во 2006 година во Букурешт

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Нанси - Дванаесеттиот самит на франкофонијата, чиј домаќин е Монтреал, престолнина на Квебек во Канада, се очекува да обедини викендов околу 70 шефови на држави и влади од земјите на оваа меѓународна организација. Ова ќе биде прво полноправно учество на Македонија на состанокот на врвот на франкофонските земји по бурниот прием во 2006 година во Букурешт, кога бевме примени под привременото име и станавме постојана членки.

На највисокиот политички собир на франкофонските земји, Македонија ќе биде претставена на амбасадорско ниво, и тоа во состав Сашко Стевков, национален координатор на Македонија за франкофонија, Благој Зашев, личен претставник на претседателот на државата за франкофонија, и Сашко Насев, македонски амбасадор во Канада. Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, е во Астана, Казахстан, каде што учествува на министерската конференција на западните и муслиманските земји насловена „Заеднички свет: прогрес низ различности“.

На овие конференции на врвот на франкофонија се определуваат насоките и се одлучува за прием на нови земји-членки. Досега во франкофонијата како постојани членки се запишани 55 држави.

Самитот на франкофонијата, на кој годинава ќе учествуваат 168 делегации, е место каде што се расправа за значајни меѓународни политички и економски прашања, за правата на човекот, образованието, културата и демократијата. Финансиската криза од која се погодени западните земји, но од чии последици не се поштедени ниту земјите од Југот, исто така, ќе биде тема на која ќе се расправа во Канада.

Самитот е крунисување на одбележувањето на 400-годишнината од поставувањето на темелите на Монтреал, град кој поради својата прекрасна архитектура е класиран како споменик на УНЕСКО.

На Самитот ќе учествува и францускиот претседател Никола Саркози, кој нема да остане до затворањето на конференцијата, бидејќи се очекува да замине за Кемп Дејвид, каде што ќе има средба со американскиот претседател Џорџ Буш. На Канаѓаните не им се допадна оваа кратка екскурзија на францускиот претседател, а некои франкофонски канадски весници зборуваат и за навреда. Во светот денес француски јазик зборуваат околу 200 милиони луѓе. Францускиот јазик со 5 отсто претставува трет најупотребуван јазик на Интернет, по англискиот со 45 проценти и германскиот со седум проценти.

Многумина жалат поради фактот дека Меѓународната организација на франкофонските земји изгуби од своето значење и влијание со проширувањето кон нефранкофонските земји. Македонија е една од тие земји, која со своето неприсуствување на највисоко ниво на најзначајните средби на франкофонијата остава впечаток дека не е многу заинтересирана за друштвото на франкофонскиот свет.


Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 18.10.2008 01:51:08
a sto nie imame so frankofonite,mene ne mi e jasno.ajde da se ,,uclenime,, i vo arapskata liga, uste tamu falime :).
Од: Славица Димовска, Амбасада на РМ во Отава - Канада
Датум: 18.10.2008 17:10:21
Молам направете корекција затоа што имате голема грешка во текстот. Имено Самитот на Франкофонијата се случува во Квебек Сити, провинција Квебек (токму заради одбележувањето на 400-та годишнина од постоењето на овој град) а не во Монтреал.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Пратениците - уставотворци бараат помош од парламентот
Антикорупциска ги тресе и судиите