Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хроника

Син го убил татка си со тесла

За убиството на Симеон Серафимов (68) е осомничен неговиот син

Крваво убиство во Радовиш. Син го убил татка си со тесла, а се претпоставува дека причина за свирепиот чин се нарушените семејни односи, при што подолго време меѓу нив имало расправии и нетрпеливост.

Убиениот радовишанец Симеон Серафимов (68) вчераутро бил пронајден во семејната куќа на улица „Тоска Ангов” во Радовиш. Имал смртоносна повреда во главата, а до телото имало тесла, со која се претпоставува дека му бил одземен животот. Според првичните сознанија, смртта настапила на самото место. Трагедијата се случила завчеравечер, околу 22 часот, а случајот бил пријавен во 5 часот во полициската станица во Радовиш. Полицијата го приведе триесет и осумгодишниот В.С. за кој се сомнева дека го убил татка си.

Во него вчера се посомневаа и соседите на Серафимови. Тие велат дека таткото и синот подолго време имале нарушени семејни односи, што кулминирала пред четири месеци кога починала сопругата на Симеон. Оттогаш живееле сами во семејната куќа и таткото често бил напаѓан и тепан од синот.

„Често го тепаше. Па, и самиот се фалеше дека го тепал таткото. Викаше дека му скршил две ребра, а еднаш увото толку му го истегнал што добил голем оток. Го прашував зошто го тепа татка си? Тој велеше дека одбивал да зема храна од него. А и како би јадел кога синот постојано го тепаше“, вели Милојка Јованова, сосетка на Серафимови.

За нарушените односи меѓу синот и таткото зборуваат и другите соседи. Тие велат дека Симеон често се жалел дека синот го тепа.

Истрагата за случајот е во тек. Според портпаролот на судот во Струмица, Цона Каламерникова, телото на Симеон е предадено на обдукција и резултатите ќе покажат дали станува збор за убиство или за несреќен случај при паѓање врз остар предмет. Според неа, случајот во полицијата го пријавил синот на Симеон. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 1187 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Велешанка преживеа пад од четврти кат
Трагедија во РЕК „Битола“, загина работник
Од понеделник нови и посовремени пасоши
Прилепчанец ја тепал поранешната сопруга