Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хроника

Од понеделник нови и посовремени пасоши

Од идната недела граѓаните ќе добиваат патни исправи со новиот грб и со посовремен чип

Даниела Трпчевска

Кризата со обрасците за пасоши идната недела ќе биде надмината. Како што дознаваме, веќе в понеделник треба да пристигне новата пратка на бланко-документи, на кои освен што ќе биде втиснат новиот државен грб без петокрака, ќе содржат и пософистицирани чипови. Станува збор за втората пософистицирана генерација патни исправи, која, според надлежните, ќе отвори низа можности за надградување на системот.

Вработени во МВР тврдат дека проблемот со бланко-документите за печатење патни исправи настанал од пред две недели, кога поради недостигот од обрасци, приоритет за печатење добиле само итните патни исправи. Помошник-министерот за информирање, Иво Котевски, демантира дека имало проблем со обрасците за пасоши, тврдејќи дека печатењето се одвива без никаков застој. Според него, новата редовна пратка на бланко-документи за пасошите ќе пристигне за неколку дена. „Во понеделник треба да стигнат бланко-документите на кои ќе биде аплициран новиот државен грб. Тоа е видливата измена што ќе може да се забележи на новите пасоши. Што се однесува до промените кои не се видливи со голо око, во втората генерација пасоши ќе бидат вградени пософистицирани чипови, во кои покрај фотографијата, со новиот систем на заштита ќе бидат вметнати и отисоците на граѓаните“, вели Котевски.

Па така, објаснува тој, доколку Интерпол има распишано потерница по одредена личност или доколку некој учествувал во извршување на кривично дело, при проверка на неговата патна исправа веднаш ќе може да се идентификува лицето и по отисокот што го содржи чипот.

Ваквата напредна технологија од МВР тврдат дека ќе го чини поскапо министерството, но тоа нема да има влијание врз граѓаните, кои ќе ги плаќаат истите цени за вадење на новите документи како и досега.

„Ќе има период на тестирање на новиот систем и ќе бидат неопходни да се направат софтверски измени за системот да биде комплементарен со новите обрасци. Неопходно ќе биде да се инсталира и електронски клуч и да се обезбеди негова соодветна заштита, со цел да можат безбедно да се разменуваат информации за одредени лица со останатите пол��ции.

Со оглед на тоа дека биде потребно одредено време за да се имплементира системот во целост, процените се дека тој би можел да профункционира до крајот на годината. Дотогаш граѓаните ќе ги добиваат новите патни исправи, на кои ќе бидат внесувани нивните лични податоци и фотографии, а кон крајот на годинава во новите чипови ќе почне да се внесува и отисокот како задолжителен податок.

Засега личните карти остануваат да се издаваат со стариот државен грб на нив, бидејќи како што објаснуваат од МВР, имаат во залиха поголема количина на веќе отпечатени бланко-картички.

До почетокот на април 715.633 граѓаните се снабдиле со нови биометриски пасоши, додека 674.762 извадиле нова лична карта, која личи на кредитна картичка. Расте и интересот за замена на старите возачки дозволи, па така 219.947 граѓани аплицирале и извадиле нови дозволи.


#
Статијата е прочитана 3334 пати.

Испрати коментар

Од: Јован
Датум: 23.04.2010 08:20:53
Ме интересира дали некој се дрзнал да го исправи и да го коригира текстот во новите „современи“ пасоши бидејќи во досегашните издадени македонскиот јазик е масакриран и ниту една реченица нема основна смисла. Да не зборам за францускиот и за англискиот коишто, во најмала рака, можел некој да ги препише од друг пасош наместо да се дрзне да преведува кога нема ниту п од преведувач а камоли л од лингвист... Логично, со непочитување на законот за употреба на македонскиот јазик, МВР би требало да го наполни буџетот со плаќање казни бидејќи со непочитување на овој закон пасошите се автоматски невалидни и неуставни. Само кому да му текне дека јазикот е една од нашите најголеми вредности, нели? А нема ниту еден лекторат ниту во Брисел ниту во Стразбур - седишта на толку посакуваната Европска Унија кон којашто се стремиме и во чиишто институции истиот ќе биде, да се надеваме, еден од официјалните јазици наскоро.
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 23.04.2010 11:04:10
Почитувани читатели,наравоучение од целата оваа Македонска народна приказна за Деца е дека, новите Посовремени и пософистицирани пасоши, „сигурно“ќе ги добиете до 2014,а најсигурно - во посветлата ни иднина!
Од: јас
Датум: 23.04.2010 11:12:53
„Ваквата напредна технологија од МВР тврдат дека ќе го чини поскапо министерството, но тоа нема да има влијание врз граѓаните, кои ќе ги плаќаат истите цени за вадење на новите документи како и досега.„„ Вечно ќе ви бидиме благодарни !!! НЕНАСИТНИЦИ ЕДНИ !!!
Од: Трпе
Датум: 23.04.2010 11:14:42
Лаж,све је ово лаж,така гласеше една песна.Своите неспособности на планирање сакат да ѓи покриват со слаби оправдувања.А третата генерација на биометриски пасоши сигурно ке биде со лавче,ако дотогаш останат на власт.А како и се одвиват работите сигурно рокот за нови лични карти ке мора да се продолжува до 2015 година.Тоа се резултати на работа 24/7.
Од: sranecot
Датум: 23.04.2010 15:46:22
Bravo,pa mnogu bile humani,go odravte do koska narodot,a veke pocnavte i iselenicite da gi gulite,velat ne nacekaa i sega mu e majkata da zarabotat pa sramota plakaat po okolu 300 dolari za pasos.

Најди! во Утрински
Хроника
Велешанка преживеа пад од четврти кат
Трагедија во РЕК „Битола“, загина работник
Син го убил татка си со тесла
Прилепчанец ја тепал поранешната сопруга