Се затвора брокерската куќа „Публикум“
Комисијата за хартии од вредност трајно и' ја одзеде дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Публикум“ и донела решение за ликвидација, врз чија основа надлежниот суд треба да поднесе предлог за отворање ликвидациона постапка. Според објаснувањето од КХВ, причина за оваа санкција е тоа што оваа брокерска куќа се' уште не именувала директор со дозвола од Комисијата. Поради необјавувањето на ценовно чувствителната информација од „Боро Петрушевски-Папучар“ од Куманово, Комисијата донела решение за времен прекин на тргувањето. Комисијата им изрече јавна опомена и на брокерската куќа „Делта брокер“ и на директорот. КХВ донела решение со кое јавно ќе се обелоденат незаконитостите на АД за осигурување „Вардар“ во постапката за издавање втора емисија на долгорочни хартии од вредност. (С.М.)
|