Рајфајзен попушта во кредитирањето
Австриската Рајфајзен интернешенал донесе одлука да ги ублажи условите за кредитирање во одделни држави од регионот, оценувајќи дека економиите и валутите им се стабилизираат. Од 17 држави во кои е присутна Рајфајзен, втор по големина заемодавач во Европа, претставникот на банката, Мартин Груел, ги издвои Чешка, Полска, Словачка, како и Словенија, додека Унгарија и Украина имаат најлоши изгледи. Регионалниот раст на кредитите, според Груел, повторно ќе се врати на двоцифрени стапки, но нема да ги достигне претходните највисоки нивоа, поради заострените услови за финансирање. (Макфакс) |