Одземен пасошот на Боки 13
Постапувајќи по судска наредба полицијата пред неколку дена му ја одзела патната исправа на водителот Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки 13. Настанот се случил пред неколку дена кога Боки 13 планирал преку скопскиот аеродром да замине од државата.
Имено, полицијата констатирала дека за Боки 13 од судот имало барање за одземање патна исправа, па тие само постапиле по барањето.
„Регистриран е таков настан, а МВР само постапи по налогот што го доби од судот. Ние ниту знаеме зошто на спомнатото лице му е побаран пасошот, ниту каква постапка се води за него, бидејќи тоа не е наша работа, но го направивме она што од нас беше побарано“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. (Љ.С.)
|