Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Грчки хакери шират провокации против Македонија

Грчки хакери вчеравечер провалија во страницата на македонското Интернет- радио Стрит ФМ. Наместо стандардната Интернет-содржина за настани од клупската сцена, на Интернет-страницата на радиото беше испишан наслов „Научете си го името на земјата. Не лажете се, вие се викате ФИРОМ“. Насловот беше поткрепен со графичка илустрација од војник кој го вее грчкото знаме покрај антички храм. Титлата на прозорецот во кој се отвора Интернет-страницата, исто така, беше заменета со вулгарни зборови.

Менаџерот на Стрит ФМ, Далибор Мојсовски, тврди дека Интернет-радиото досега не било инволвирано и во предизвикување политички провокации.

„Целта на нашиот веб-сајт е да нуди информации за домашната и странската клупска сцена. Исто така, се трудиме да ги промовираме македонските диџеи низ светот, и си ја гледаме стриктно нашата работа која е во врска со музиката. Но, и покрај тоа, ние бевме вмешани во политички пресметки“ рече Мојсовски. (А.П.)


Статијата е прочитана 1239 пати.

Испрати коментар

Од: Elena
Датум: 15.08.2008 09:16:04
Zarem politicka presmetka e da te narekuvaat FYROM? se ima li malku pamet barem, od koga e politika da si prekrsten. Ako dosega ne ste bile involvirani vo bitakat za imeto, eve vi prekrasna sansa toa da go storite!
Од: heheh
Датум: 15.08.2008 13:53:31
abe nema vrska sami gi kladoja za da ja pomovirat stranicata 100% nema sansi grcki hakeri da vlezat bas na taja stranica heheh

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Владиниот прием за Рамковниот без државниот врв
Одбраната на Тарчуловски се зајакнува со странски правни експерти
Средбата на Црвенковски и Велјановски за спорните закони, без епилог
Од Цавтат вратена изгубена торба со 5.000 евра на македонски функционер