Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Средбата на Црвенковски и Велјановски за спорните закони, без епилог

Светлана Унковска

„Работната средба меѓу претседателот на државата, Бранко Црвенковски, и на Собранието, Трајко Велјановски, не е завршена. Сега се разгледуваат правните аспекти и процедури за да се најдат решенија за законите“.

Ова беше се' што можеше да се добие како информација од двата кабинета по вчерашната кратка, полчасовна средба меѓу Црвенковски и Велјановски, која остана без епилог.

Нема никаква информација дали на оваа средба што се одржа во четири очи се надминати недоразбирањата и дали е постигнат каков било компромис, со што би се надминале и несогласувањата што настанаа со спорните закони. Наместо тоа, остана зачудувачки начинот на кој беше прекината средбата, без да се прецизира кога би продолжила. Шефот на државата и спикерот, имено, останаа затворени во своите кабинети.

Претседателот Црвенковски непосредно пред средбата со шефот на парламентот, Велјановски, одржа прес- конференција на која тој го повтори својот предлог за повторно прегласување на петте закони, со што јасно стави до знаење со каков став ќе биде на разговорите со спикерот.

„Јас претходно го дадов мојот предлог. Спикерот Велјановски на првата наредна седница нека ги стави петте спорни закони, Указот за законот за јазици веќе го потпишав, и парламентарното мнозинство нека ги изгласа повторно. Истиот ден јас ќе ги потпишам указите. Со тоа овој проблем би бил надминат и тоа низ процедура која е во согласност со Уставот“, јавно му порача Црвенковски на спикерот Велјановски за тоа дека не отстапува од она што пред неколку дена му го предложи како можен компромис за надминување на несогласувањата.

Но, што разговарале на вчерашната, како што ја потенцираат, „работна средба“, никој не знае. Единствено останува фактот дека средбата беше прекината за невообичаено кусо време без притоа да се соопшти каква било информација од разговорот.


Статијата е прочитана 189 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Владиниот прием за Рамковниот без државниот врв
Одбраната на Тарчуловски се зајакнува со странски правни експерти
Грчки хакери шират провокации против Македонија
Од Цавтат вратена изгубена торба со 5.000 евра на македонски функционер