Денеска во 12 часот на улицата „Македонија“ под мотото „Зелена генерација“ ќе се одбележи 22 Април – Ден на планетата Земја. Во организација на Општина Центар учениците од седум основни училишта ќе се претстават со креативни творби на тема планета Земја, заштита на природата и разновидниот растителен и животински свет, изработени од хартија и пластика, како и со цртежи и богат промотивен материјал од активности на тема вода, воздух и отпад. Творбите од учениците ќе бидат изложени на дрвени куќарки, а секое училиште ќе има можност креативно да украси и да обмисли една куќарка.
На настанот ќе бидат презентирани резултатите од проектот за селективно собирање отпадна пластика, а најдобрите училишта, паралелки, секции и ученици ќе бидат наградени. (С.Н.)