Пензионерски клуб во Влае
Во просториите на некогашниот стар објект на МЗ „Влае 1“, од вчера е отворен пензионерски клуб. Општина Карпош го реновираше објектот и за пензионерите обезбеди телевизор, музички систем, шах, домино, маса за пинг-понг и други содржини за разонода на посетителите на клубот. Во функционална е адаптирана и летната тераса со површина од 100 квадратни метри. Катчето за пензионерите вчера официјално го отвори градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој на пензионерите им порача добро здравје, многу заеднички моменти и дружење во клубот.
Освен овој објект, Општината ги реновирала и просториите во МЗ „Влае 1“ на улицата „Ацо Шопов“, а обновен е и Младинскиот клуб наменет за пинг-понг и за други спортски активности. (Дс.Т.) |