Македонија ја води Јадранската повелба
Македонија го презеде претседавањето со Јадранската повелба во наредните шест месеци. Нашата земја го презеде претседателството од Хрватска, која воедно вчера беше и домаќин на Министерскиот состанок на Партнерската комисија на земјите-членки на Јадранската повелба, во Дубровник, учествуваа и шефовите на дипломатии на Албанија, БиХ, на Црна Гора, како набљудувач беше Косово, додека САД беа претставени од амбасадорот во Загреб. На состанокот било разговарано за евроатлантската интеграција на регионот. Договорено е разгледување на можноста за испраќање заеднички тимови на инструктори за обука на полициските сили на Авганистан. (Н.Р.) |