Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Слободан Томиќ ќе ја тужи МРТ

Светлана Унковска

Авторот на емисијата „Отворено со народот“, Слободан Томиќ, најави дека ќе поднесе тужба против МРТ затоа што јавниот радиодифузен сервис не го испочитувал целосно договорот во однос на неговата емисија. Од Советот на МРТ велат дека договорот со продукцијата на Томиќ, „Кралот Александар Македонски“ имал важност една година, чиј рок истекол на 3 јули годинава, а членовите донеле едногласна одлука да не се продолжува договорот.

Советот на МРТ завчера го отфрли приговорот на Томиќ и вели дека останува на ставот од претходно донесената одлука да не се продолжува договорот со Томиќ. Образложението тогаш беше дека рејтингот на „Отворено со народот“ бил многу низок, самата емисија не е соодветна за националниот радиодифузен сервис и дека не го остварува јавниот интерес на граѓаните.

Генералниот директор на МРТ, Ефтим Гаштов, не сака да ја коментира ниту најавата на Томиќ дека ќе поднесе тужба и дека ќе ја почитува која било одлука што ќе ја донесе Советот. „Тоа е неговото право и ќе оставиме судските инстанции да одлучат кој е во право. Сметам дека треба да ги почитуваме одлуките на Советот на јавниот радиодифузен сервис според кој договорот за оваа емисија е завршен и дека нема опција за негово продолжување“, ни изјави Гаштов.

Томиќ, пак, својата закана за тужба ја темели на фактот дека МТВ не го испочитувала во целост договорот во однос на неговата емисија.

„Договорот за соработка и емитување на емисијата во договорниот рок не беше почитуван во однос на термините и на времетраењето на емитувањето, кој беше менуван во дури 22 емисии. Последните четири емисии времето на емитување беше скратено на 60 минути, односно 65 наместо таа да трае 90 минути и тие почнуваа со големо задоцнување“, вели Томиќ во писменото предупредување испратено до Советот, УО и до извршните директори на МРТ. Укажува и дека според договорот, емисијата требало да се емитува секој понеделник од 21,21 часот, а не во 20,05 - време кое тој го сметал за несоодветно. Исто така, тој бара да му бидат обезбедени термини за уште две емисии, кои не биле емитувани поради тоа што се паднале на Нова Година и Божик. Во спротивно, најавува дека против МРТ ќе поднесе тужба и барање за материјална отштета.

Писмениот допис со приговорот на Томиќ Советот на МРТ на завчерашната седница, на која присуствуваа членовите на Управниот одбор и извршните директори, едногласно беше отфрлен.

„Договорот имал важност една година, кој истекол на 3 јули годинава. Од овој аспект, барањето на Слободан Томиќ во однос на емисијата која повеќе нема да ја има на на��ионалниот сервис, како и неговите закани со суд немаат реална основа“, стои во заклучокот на Советот на МРТ.


#
Статијата е прочитана 1696 пати.

Испрати коментар

Од: marjan.pp
Датум: 10.07.2010 07:15:52
tomic stana potrosen matrijal,,,odi na reciklaza"
Од: Petrovski Toni
Датум: 10.07.2010 09:03:24
ja odstranivte edna od glavnite pricini zosto gracanite na placaa tv taksa ocekuvajte podobra pretplata no i gledajte da ne goizgubite sporot a iako go izgubite ce bide pomala steta odkolku emisijata vo eter
Од: flying-monaco
Датум: 10.07.2010 12:22:06
Ja kaza vistinata i ne mu se dopagjase na onoj koj e sponzor na MTV. A za sekojdnevnata programa zalosno e sto trosat narodni pari za gluposti, no uste pozalosno sto vnatre rabotat lica koi ne znaat da govorat dovolno Makedonski a se voditeli na vesti a izleguvaat kako da se na modna revija.Da ne komentiram za devojkite pred vesti koi davaat meteoroloski izvestaj. Izgleda smesno kako deca da si igraat so kameri i slicno...
Од: jug
Датум: 10.07.2010 19:18:28
Vreme bese ovaa licnost veke nikogas da ne ja vidam na televizija. Sega duri sum raspolozen da pocnam da plakam i radio difuzna taksa.

Најди! во Утрински
Политика
Озаконета кражба на Владата
Собранието ќе заседава под лупа на полицијата
„Транспарентност“ бара и кривично гонење на Ване Цветанов
Македонија ја води Јадранската повелба
Скопје и Белград имаат иста цел - ЕУ