Банкротот на државната каса не може да се скрие со долгови кон стопанството
Откако Владата е фатена на дело како го поткрадува стопанството, таа ја озакони кражбата. Преку ноќ го измени Законот за јавни набавки со кој си ги пролонгира долговите. Сега крадењето е легално. Исто како онаа стара прикаска кога Трпе не можел да му го врати заемот на комшијата, па не можел да заспие. Жената го посоветувала да му се јави на соседот на полноќ и да му каже дека нема да му ги врати парите. Сега комшијата нема да спие, а Трпе слатко заспал без долгови.
Македонската Влада ја претвори државата од најсигурен партнер во најголем измамник. Само нечесен партнер ги менува правилата за време на натпреварот. Едностраните измени на претходно склучени договори како што сега ги принудува своите комитенти Владата е рамно на државен рекет без преседан.
Разрешувањето на должничката криза во Македонија на ваков начин ја покажува јавно волунтаристичката филозофија на работење. Во уценувачките потези на кабинетот на Никола Груевски нема ни грам економска логика. Јавниот долг кој никој не го знае во државата се пролонгира пред ребалансот на буџетот со единствена цел македонските компании да го платат сонот „2014“ на Никола Груевски. Всушност, ваквиот државен грабеж ги отсликува последиците од примитивната популистичка политика, која не се базира на реалните можности на вкупното стопанство во Македонија, а уште помалку на можностите на граѓаните кои уредно ги плаќаат давачките кон државата полнејќи го буџетот. Разузданото трошење пари за остварување политички цели во објекти кои не се главниот приоритет на државата донесе до банкрот на државната каса. Никој не може толку да ја наполни колку што Груевски може да потроши.
Целокупната светска историја јасно кажува дека големите зданија и јавни објекти, кои влегуваат во таканаречената духовна, културна надградба, се градат кога државите го доживуваат свој процут И обратно, големите инфраструктурни објекти без кој не е можен понатамошен развој се градат за време на големите економски кризи. И наместо да се градат автостради, наместо да се градат хидро и термоцентрали, гасоводи и нафтоводи, регионални патишта, гасификација на градовите, Груевски се одлучи за изградба на политички споменици, музеи, театри, стадиони.
Се разбира дека и тоа и' е потребно на Македонија. Но, она што навистина е испуштено со години и за што е оправдана критиката на сите претходни влади во транзицијата, сега Груевски мегаломански сака да го надомести за еден мандат. Тоа е огромна цена за сиромашна Македонија, која таа не може да ја издржи. Но, најтрагично е тоа што политичкиот избор на Груевски како составен дел на партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ е полн со погрешни приоритети. Тоа во оваа криза не се развојни капацитети. Тие не можат да привлечат ниту странски ниту домашни инвестиции. Споменици не се пресудниот амбиент за градење фабрики.
Банкротот на државната каса не може да се скрие со долгови кон стопанството. Тоа може само да биде привид, бидејки банкротството на шпекулативен начин се префрла од Владата во компаниите. Втората фаза се враќа како бумеранг кога ќе нема кој да и' плаќа на државата. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, е зрел за кривична пријава, бидејќи ги крие долговите и не овозможува слободен пристап до информации кои не можат да бидат ниту деловна ниту државна тајна, бидејќи станува збор за буџетски средства и за пари на граѓаните на Македонија. Нема ниту една законска основа да се крие долгот на државата кон стопанството. Затоа се присутни и најразлични шпекулации кои не се без основа. Директниот долг на Владата само по основа на завршени, а не платени обврски достигнува 200 милиони евра. Само за Градскиот стадион во Скопје и за стариот театар износот е над 100 милиони евра. Во овие износи не се влезени сите објекти од „Визија 2014“, споменици, сали, триумфални капии, музеи, рококо-гаражи. Ако кон ова се додадат долговите на јавните државни претпријатија, на големите фондови за здравство, пензиско, патишта и на државните големи агенции, долгот станува баснословен. Притоа, не се пресметани и долговите по основа на поврат на ДДВ и други преземени обврски на државата. Заедно со долговите кон странство кои постојано се зголемуваат и драматичниот трговски дефицит, македонската економија е на колена.
Економската наука и практика е недвосмислена кога тврди дека ако државата е неуреден должник не се можни никакви економски реформи. Типичен пример за тоа е Хрватска, која влезе во голема должничка криза што предизвика и сериозни политички последици. Првата точка во економските реформи на премиерката Косор беше во рок од 45 дена државата да ги намири сите свои долгови за да може да воведе финансиска дисциплина. Македонската Влада тргна во спротивна насока, ги пролонгира роковите за враќање на долговите, дозакопувајќи го стопанството кое и онака се дави во меѓусебните повеќемесечни долгови и големата беспарица. Наместо да им помага на компаниите, Владата им стави уште еден голем намет. А
псурдноста на палијативното работење на Владата се гледа и од фактот што министерот Ставрески јавно признава дека некои компании не си ги плаќаат обврските кон државата: „Кога вие ќе платите, и државата ќе ги плати своите долгови“. Ова е навистина како мали Ѓокица ја разбира економијата.
Замислете ги управните одбори и генералните менаџери на компаниите на кои им е должник Владата. Тие пред себе имаат ултимативни и уценувачки анекс-договори кои треба да ги потпишат дека се согласуваат на новите владини услови или да одбијат. Во двата случаја, нема да добијат пари. Ако одбијат, ќе ја изгубат работата. Ем те тепаат ем не ти даваат да плачеш. Но, ако има разбирање за стравот на менаџерите на компаниите на кои им должи Владата, несфатлив е полтронскиот однос на стопанските комори кои се должни да ги штитат интересите на своите комитенти. Претседателите на коморите станаа продолжена рака на власта и против интересите на стопанството. Со овој катил ферман до стопанството Владата направи во својот шеснаесетник тежок фаул и наместо црвен картон, си досуди пенал во своја корист. Се разбира, тоа ќе биде Пирова победа. На крајот, пак некој ќе мора да го плати фантастичниот сон на Никола Груевски. Сметката секогаш стигнува. Јас знам кој ќе плати. А, Вие?
zaboravivte da napisete(platen politicki komentar)
Од: avatar
Датум: 10.07.2010 00:19:28
Nekoj namesto drugo, si postavil ili mu postavile zadaca da bidekriticar na eden edinstven subjekt.I sega, namesto da pliva nizvodno, se trudi da pliva vo obratna nasoka.No, taka nekoj samo se zamoruva,nisto drugo, i se otkazuva.
Од: Миле - Охрид
Датум: 10.07.2010 00:40:01
Конечно анализа . Критика на власта. Ова е прав начин да се бара промена на власта или таа да се корегира во своето однесување. Убеден сум дека текстов ќе има позитивен ефект (за смена на власта или за нејзино вразумување). По подолго време авторот не го нуди рецептот за промена на нашето име како сеопфатно решение за сите проаблеми во државава. Нема ниту навреди за оние кои сакаат да си го сочуваат името. Ероле , ти умееш кога сакаш.
Од: ја
Датум: 10.07.2010 01:42:00
Ероле,анализава ти е одлична само што се плашам дека вистината за неа ќе излези целосно на виделина кога ќе се смени оваа власт а долговите и проблемите тогаш ќе ги решаваат некои други.Нешто слично како со финансиската криза и смената на власта во Грција.Само што позади нас нема никој да ни помогне во таква ситуација како на грците-еу. А после кој е крив па се знае не е пастирот туку БЦ.
Од: marjan.pp
Датум: 10.07.2010 07:08:11
ke ja dovedat ekonomijata do bankrot i ke ja napustat vlasta,a cehot ke go plati narodot
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 10.07.2010 08:38:57
Оваа влада не разбира ниту што е стабилна држава ниту што е Устав.Па не може наназад да носи закони за работи кои се завршени или се во тек.Значи се она што е догопворено со стопанските субјекти мора од двете страни да се почитува.А ова злоупотребата на моќта на власта не било можно ниту во кралствата.Но овие се поголеми и од кралевите.А она инвестирајте во Македонија.Ќе формираат фирми кои ќе ги уценува владата? Ајде ве молам,...па било брза регистрацијата...А кој веќе сака да се регистрира?И патот до пеколот е експресен.Но до пеколот е.
Дојдовме... до пеколот ...на..Пастирот и Фамилијата.
Од: јас
Датум: 10.07.2010 09:01:33
Повторно први се јавија дежурниве портокалови хонорарци за да го оправдаат овој најнов државен рекет...Дечки , мене, а и на сите ми е јасно дека работите за трошки фрлени од вашите налогодавци , ама ова вашево не се трпи ..А и она на „јакиот “ економски стручњак !! Неговиот претходник ( кој патем не беше ништо поарен од сегашниов ) барем имаше морална доблест , па си даде оставка ..Ама овој , овој има задача да не’ дозакопа сите , заедно со државата...На што личи овој најнов државен рекет , кога државата ќе се смилува тогаш да платела ??? А дали важи и реципрочното , кога јас и мојата фирма ќе имаме пари , ТОГАШ ДА И ’ ПЛАТИМЕ НА ДРЖАВАРА ??? Се разбира НЕ !!! Веднаш ќе добијам инспекции ,затезни камати , извршители !!!
Од: eleni
Датум: 10.07.2010 09:36:06
Nikako da se spomne prugata kon Bugarija , monumentalen spomenik .Gradeznata operativa tesko deka si gi naplati rabotite. Trebe dobra presmetka kolku kratno se zgolemia 120te mil. dolari planirana investicija.
Од: Трпе
Датум: 10.07.2010 11:52:52
Нема да биде изненадување,следниот закон кој ке го донесе ова влада, да биде дека долговите направени од нив, за време на нивното владеење ке ги вракат идните поколенија.
Од: terezija-Sekoja cest za sosedite Grci...Chas po Demokratija mozat da ni odrzat;za sitni nepravdi znaat i revolucija da krenat ,a ne koga vaka bi bile zagrozeni od diktatura i totalitarizam...Svesti s
Датум: 10.07.2010 12:13:59
G-dine Rizaov sosema tochno, transparentno i pred se' korektno; samo za onie koi sakaat da go razberat toa bez nikakvi predrasudi i kaprici ... Seushte stojam na tezata deka Makedonija ima kade-kade pogolem potencijal vo intelektualniot blok von Parlamentot , negoli primitivnata amorfna-glasachka (prosta-izvinete me) masa, koja ne treba da Ve potsetuvam kako go k`arila toj "benefikt" -da se "stane" Nar. pratenik...(?!) No, za zal vo zivotot i sekojdnevieto doagjaat i takvi (neizbezni) momenti koga, za shiroko PODADENATA raka za pomosh, ke osoznaete i morate da se POMIRITE so faktot deka e toa rakata na IZRAZUVANJE SOCHUVSTVO kon neshto milo neshto svoe,veke zagubeno... Ete toa se moite chuvstva kon moiata (nasha,Vasha) no ne i nivna (na LAZNITE patrioti) Makedonija !!!
Од: ednostrano resenie
Датум: 10.07.2010 12:52:38
Predlozenoto zakonsko resenie, siguren sum deka kje padne na ustaven sud, poradi neednakviot tretman na dogovornite strani. Imeno, mozno e i ne e protivustavno dogovornite strani da go dogovorat nacinot na plakjanje, no takvata zakonska moznost treba da se dade i na drugata dogovorna strana. Samo vo toj slucaj doagja do izraz naceloto na dispozicija na strankite vo dogovornite odnosi. Bidejki ova pravilo e sodrzano vo Zakonot za obligacionite odnosi, nema potreba da se regulira so drug zakon. Onaka kako Vladata go predlaga novoto zakonsko resenie, istoto e protivustavno, bidejki strankirte ne se ednakvi pred zakonot.Stopanskata komora kje treba vednas da reagira ( ako ima hrabrost).
Од: vesela matematika
Датум: 10.07.2010 16:43:11
100% цена на робата или услугата кон државата
18% ДДВ што мора да се плати
32% камати за 2-3 години
--------------------------------------------
150% е посиромашна фирмата која фактурирала за својата услуга. Ако на ова се додаде и евентуална девалвација на денарот, што секако може да се случи во иднина со оглед на состојбите а под изговор дека претходните трошеле без усул, тогаш математиката станува уште по весела!!!
Од: redovna citatelka
Датум: 10.07.2010 17:09:36
PA NELI NEMA EKONOMSKA KRIZA VO MAKEDONIJA? Mozebi zatoa ministerot za finansii postojano e raspolozen i nasmean? Ili toa e polesno otkolku da kaze nekoja brojka?
Од: perica
Датум: 10.07.2010 18:52:16
Smetkata ke treba da ja plaka Sekerinska kako iden premijer.
Za sreka poise so evropski pari nego so nasi.
Kako i da e avionceto so Familijata ke odleta vo eden pravec. a stopenite pari od site ovie neproduktivni ama zatoa brzoobrtni investicii,se veke nabezbedni smetki.