Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Струјата ќе поскапи со либерализацијата на пазарот?


Цената би била прифатлива за потрошувачите, убедува Европската комисија

Маја Томиќ



Многу е веројатно дека либерализацијата на енергетскиот пазар во скора иднина ќе донесе и повисоки цени на електричната енергија за потрошувачите од регионот. Бидејќи, таа подразбира зголемување на конкурентноста и доведување на цените на ниво прифатливо за потрошувачите.

„Ако имате политики што не ги рефлектираат цената на производств�� и цените на пазарот, тогаш треба да се движите кон либерализиран пазар. Тоа можеби ќе значи зголемување на цените на електричната енергија барем во еден одреден период. Но, доколку вештачки ги држите цените ниски, последица ќе биде тоа што нема да има инвестиции во енергетскиот сектор и еден ден цените ќе бидат многу повисоки од оние на либерализираниот пазар“, рече заменик генералниот директор за енергија во Европската комисија, Фабрицио Барбасо, на вчерашниот осмиот состанок на Министерскиот совет на ЕЗ. Тој додаде дека во услови на либерализиран енергетски пазар, во државите треба да постојат и социјални заштитни мерки, без притоа да се влијае на состојбата на пазарот. Според него, создавањето на вештачки пазар е на штета на инвеститорите, а среднорочно и долгорочно, на штета на вкупната економија. Со други зборови, без либерализација не се можни инвестиции во енергетиката што лошо влијае врз развојот на земјите.

Директорот на Секретаријатот за ЕЗ, Славчо Нејков, на прашањето дали со новиот закон за енергетика во Македонија се протежира некоја енергетска компанија, за сметка на другите, ЕЛЕМ и МЕПСО, како што деновиве обвинија дел од експертите, рече дека неодамна ЕЗ дала позитивна оценка на предлог-законот и дека се надева наскоро тој да биде донесен.

„Од содржината што ја видовме, сметаме дека законот за енергетика ќе биде мошне добар“, рече Нејков.

Министерот за економија Фатмир Бесими, пак, посочи дека законот не е подготвуван за една компанија, туку за целиот енергетски систем.

„Новиот закон предвидува натамошна либерализација на енергетскиот пазар, што е во интерес на потрошувачите, а со него, исто така, се зголемува и улогата и независноста на Регулаторната комисија за енергетика, која има значајна функција во заштитата на потрошувачите“, изјави Бесими.

Инаку, Украина вчера, во рамките на осмиот министерски совет, потпиша протокол за пристапување кон ЕЗ. Украина во ноември 2006 година стана земја-набљудувач и ја започна процедурата за членство во ЕЗ. Протоколот го потпишаа украинскиот министер за гас и енергија, Јуриј Бојко, и министерот Бесими во својство на претседавач со ЕЗ.

„Нашиот пазар за струја и гас ќе биде отворен за европските компании. Ние сме подготвени да вршиме извоз на електрична енергија и гас што ќе значи отворена и поефикасна енергетска политика“, изјави Бојко.

Пристапувањето на Украина кон ЕЗ беше одобрено на седмиот Министерски совет во Загреб, лани во декември, а претходно на 1 мај годинава и Молдавија потпиша протокол за пристапување кон ЕЗ.

„Украина ќе ја зајакне ЕЗ и ќе помогне за воспоставување на енергетскиот пазар и на соработката меѓу земјите од регионот“, рече Бесими.

Според Барбасо, Украина многу брзо ќе стане полноправна членка на ЕЗ. По пристапувањето ќе се продолжи со енергетските реформи, кои треба да помогнат во создавањето транспарентен, ефикасен и добар енергетски сектор што е суштинско за привлекување нови инвестиции и меѓународни фондови. Тој додаде дека Украина е клучна транзитна земја за пренос на рускиот гас до ЕУ, поради што ЕК е заинтересирана за модернизација и надградбата на украинскиот систем за транзит на гас.

Инаку, Украина има големи енергетски потенцијали, 15 нуклеарни централи и повеќе од милијарда кубни метри пренос на гас.

Договорот за основање на ЕЗ е потпишан на 25 октомври 2005 година во Атина, а стапи во сила на 1 јули 2006 година. Со него се дава рамка за енергетскиот пазар во Југоисточна Европа. Во ЕЗ полноправни членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија, Косово и Молдавија.


#
Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар

Од: Elektrik
Датум: 25.09.2010 17:28:22
"Многу е веројатно дека либерализацијата на енергетскиот пазар во скора иднина ќе донесе и повисоки цени на електричната енергија за потрошувачите од регионот. Бидејќи, таа подразбира зголемување на конкурентноста и доведување на цените на ниво прифатливо за потрошувачите." Ova ne e malku kontradiktorno ili sakate da kazete deka povisokite ceni se poprifatlivi za potrosuvacite?
Од: USAMKD
Датум: 26.09.2010 18:30:19
Kako mozi so liberlizacija na pazar da se pokacuvaat cenite..? toa ne e logicka recenica.. Ova znaci deka fakticki nema da ima liberalizacija na pzarot i se ke se zavrsi samo so izjavi na hartija.. imaku vistinska liberalizacija vo nikoj slucaj ne im odgovara na kriminalnata koalicija dpmne-sdsm

Најди! во Утрински
Економија
Проекциите за раст од два отсто - луда радост
Европа врие од штрајкови
Бонус-програма за припејд-корисниците
Поддршка од Светска банка за катастарот
Наскоро подготвена студија



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing