Бонус-програма за припејд-корисниците
„Оне“ воведува нова промоција во рамки на припејд бонус-програмата, со која сите нерегистрирани корисници кои се активирани од 11 ноември 2009 до 30 ноември 2010 година ќе бидат автоматски регистрирани. Автоматското регистрирање ќе биде направено до 30 септември 2010 година, а корисниците, откако ќе бидат регистрирани, ќе бидат информирани преку СМС-порака. Автоматски во програмата ќе се регистрираат и новите припејд-корисници на мобилната телефонија од 1 октомври 2010 година.
Промотивно е доволно корисникот само еден месец да е корисник на мобилна припејд-телефонија и да ги добие поволностите. (Ек.Р.)
|