Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Нема сини картони за невработени со стан?

Министерството за здравство сака да ги стави невработените во категоријата граѓани што не се здравствено осигурени по ниедна основа

Јасмина Јовановска

И невработените, како што дознаваме, ќе треба да немаат куќа, стан, автомобил или друг имот за да можат да добијат сини картони за лекување на товар на државата. Ова го предлага Министерството за здравство, со тоа што невработените сака да ги стави во категоријата граѓани што не се здравствено осигурени по ниедна основа. Објаснувањето, според неофицијални извори, е дека само така државата ќе може да го намали бројот на невработени, кои фиктивно се пријавуваат во Агенцијата за вработување само за да можат да добијат сини картони.

Државата се одлучила за заострување на условите за здравствено осигурување на невработените лица, според неофицијални извори, затоа што претходните законски измени не ги дале очекуваните ефекти. И покрај тоа што обврската за обезбедување сини картони од Агенцијата за вработување преминала кај Фондот за здравствено осигурување, фиктивната бројка на невработени во државата не се намалила.

Според последните податоци од Агенцијата за вработување, во државата моментно има околу 340.000 невработени. Владата, иако им даде право на сите граѓани здравствено да се осигурат и ги стави во категоријата здравствено осигурени по ниедна основа, поради условите што ги одреди за стекнување на ова право, повторно неосигурените ги остави без сини картони. Од околу 100.000 неосигурени лица, околу 40.000 повторно немаат право на лекување зашто имале дом, или некое земјиште на свое име. Па, ова очигледно ќе се случи и со невработените.

И додека државата сака да се ослободи од фиктивно пријавените невработени лица, на бегалците ќе им обезбеди сини картони за лекување како да се вработени зашто Министерството за здравство предлага тие да влезат во задолжителното здравствено осигурување. На овој начин бегалците, кои ги има околу 1.600 во земјава, ќе може да се лекуваат на товар на државата, од матичен лекар, па до болница и клиника, за што ќе бидат задолжени да плаќаат партиципација. Објаснувањето на Министерството за здравство, според неофицијални извори, е дека на тоа не' обврзува Конвенцијата за статус на бегалци, како и Законот за азил. Ако бегалците се изедначуваат со другите граѓани и државата им дава право да работат и право да учат, тогаш тие треба да имаат право и на здравствена заштита, се наведува во образложението од предлог-измената.

Предлагачот на измените го уверува Министерството за труд и социјална политика дека измената ја прави за државата да заштеди. Иако за здравствено осигурување на бегалците ресорното Министерството за почеток ќе плаќа двојно повеќе пари, сепак, Здравство го уверува Труд и социјала дека трошоците ќе се намалуваат во наредните две години поради тоа што има најава дека околу 350 бегалци ќе се вратат во земјите од каде што се дојдени. Односно ако Министерството за труд лани давало околу 4,5 милиони денари за лекување на бегалците во болници и клиники, сега ќе плаќа околу 10 милиони денари, но заедно со услугите кај матичен лекар. Но, овие средства в година ќе се намалеле за половина, а третата година ќе биле само околу 2,6 милиони денари, се процените на предлагачот.

Од Министерството за здравство не добивме никаков одговор какви измени се крчкаат во Законот за здравствено осигурување, кои се планира да стартуваат од јули годинава. Измените се дојдени дотаму да се бара мислење од Министерството за труд и социјала. Ова Министерство им дава пас на измените, со исклучок на онаа за невработените што земаат паричен надоместок и предлага тие и натаму да добиваат сини картони, како и досега.

Од Министерството за труд и социјална политика ни рекоа дека се согласуваат со овие измени за здравствено осигурување на невработените и бегалците. Невработените да добиваат сини картони како категорија граѓани што не се здравствено осигурени по ниедна основа е усогласување со Законот за придонеси. „Невработените лица и натаму ќе бидат опфатени со правото на здравствено осигурување, како и оние лица што не се осигурени по друга основа. Ова од причина што голем број евидентирани невработени лица се пријавуваат единствено за добивање право на здравствено осигурување, а, всушност, имаат приходи по разни други основи и не бараат активно работа“, се вели во писменото објаснување од Министерството за труд и социјала. За бегалците, велат во ресорното Министерство, обврзник за плаќање на придонесот ќе биде и натаму Министерството за труд и социјала, кое и досега ги плаќаше трошоците во согласност со Законот за азил и миграција.


#
Статијата е прочитана 4463 пати.

Испрати коментар

Од: Симон
Датум: 26.01.2011 12:21:02
Е па доста веќе луѓе што имаат по два три стана што ги изнајмуваат и возат добри коли се лекуваат на товар на државата. Затоа после нема средства за тие што навистина немаат и се социјално загрозени. Ова требаше многу одамна да се направи.
Од: забеган.
Датум: 26.01.2011 12:27:30
Луге има ли паметен некој во ова БЛАДА.Ако го донесат овој закон,Конечно ќе треба ова БЛАДА да се земе НА КЛОЦИ и да ја нема.Мислат ли нешто со нивните глави?.Или им служат само за шишање.
Од: tanja
Датум: 26.01.2011 12:37:27
znaci tie sto se nevraboteni nemaat nikakva pomos od drzavata, pa uste i da im go ukinat zdravstvenoto osiguruvanje, katastrofa sto uste nema da im tekne da izmislat,
Од: Nikola
Датум: 26.01.2011 12:44:11
Nekolku pati prasuvam, no nemam odgovor vo nieden napis na novinar, koj placa zdrastveno osiguruvanje za site koi ne se osigurani po nieden osnov? Dali se placa od budjetot?
Од: Komentator
Датум: 26.01.2011 12:45:46
imam dosta familija vo Germanija...pa taka vo muabet...so godini ja pratam germanskata politika na socijala...Pred desetina godini Germanija bese Eldorado ..za nerabotnici zatoa i imase tolku pritisok od migranti...Ako ostanes bez rabota na biro si primas odredena para za zivot naspram potrebite ne semejstvoto dobivas posebno pari za stan majkite dodatak za deca pa i za nas smesno razvedena zena pari da i cuva nekoj dete zosto i taa ima la pravo da odi vo kafeana sat dva...E sega se smeni se...socijala se zategna do koska da ja zemes od roditeli se zema matrijalna sostojba zosto tie se zadolzeni da te izdrzavaat ..e kaj nas sosema druga prikaska Jas nemam nisto tato ima jas na biro rabotam na crno i vlezen sum na statistika kako nevraboten cicac na drzavata..E a za onaa konvencija za begalcite ..sto ne odredi taa uslov da se vratat nazad pa taa konv..neka ja cicaat...!!
Од: DM
Датум: 26.01.2011 13:08:07
Што занчи ова невработените треба да си го продадат станот за да се лечат, значи да останат ем без работа ем без стан значи на улица. Па ова е навистина лудост !!!
Од: Dilan
Датум: 26.01.2011 13:09:24
Problemot e vo UJP koja nema podatoci koj kolku zarabotuva vo ovaa drzava!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!Tamu seuste izdavaat nekakvi potvrdi za prihodi na licata i toa zamislete si prihodi od 2009 godina?????Paradoksot da bide pogolem dokolku imate nekakov prihod ovie od FZO ve preprakaat zadolzitelno da se prijavite vo Agencijata za vrabotuvanje?????
Од: eu
Датум: 26.01.2011 13:28:04
Za zal potpolno e ispravno. Ova se sproveduva tokmu vaka uste odamna vo evropskite zemji. A neli i nie sakame da bideme del od EU !
Од: licno
Датум: 26.01.2011 13:42:25
Begalcite imat pravo nasite gragani ne? Namesto da vovedat linearna minimalna participacija1-3% za site uslugi od maticen do specijalis , kako sekade vo evropa, vlasta vezbat pisi brisi.
Од: Трпе
Датум: 26.01.2011 13:44:07
Без разлика дали е невработен или вработен кој плака за зравство,недајбоже да се разболи од поголема болес ако решил да си го продолжи животот мора да продава куќа или стан.Убаина,наредена е работава,зарем не е просечна плата 300 и кусур евра.
Од: mene
Датум: 26.01.2011 13:57:25
kako ne im e sram uste sto ke izmislat
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 26.01.2011 14:42:32
Значи само тие што живеат на улица ќе имат здравствено картонче. А, јас знаев дека до таму ќе дотерате.
Од: auuu
Датум: 26.01.2011 15:51:44
E ovie od vladava ne se normalni, kolku za informacija vladava da znae deka vo Makedonija site sakaat da rabotat za da mozat nornalno da ziveat ama NEMA RABOTA. Ova se kosi so ustavot kolku za informacija od vladava nekoj ako cita. Kakvo objasnuvanje imale stan, pa imaat od majkata i tatkoto.
Од: Moris
Датум: 26.01.2011 16:17:28
Pa ako nema care da moze covek da se leci bidejkikako nevraboten ke nema pari, ke nema kartoni nema drugo sem da porasnat samoubistvata vo R.Makeodnija.Ubavo resenie ako se nema care....Toa ke go natera vladata narodot da si umira poleka na mladi godini oti 30% se nevraboteni....
Од: marija
Датум: 26.01.2011 16:48:58
Навистина е нехумано да им се одземе едно право на толку беспомошните, невработени луѓе. ДАли буџетот толку многу ќе се наполни од укинатите социјални помошти на 11.000 семејства и на овие сиромашни граѓани, неосигурани ниту социјално, ниту здравствено, со еден збор безпомошни. Се прашувам тогаш за кого постои дршавата со своите органи з дализ а своите поданици или за самите себе. Добро да се размисли што се предлага и усвојува, зашто грешките излегуваат на избори! ТАму се покажува кој и колку грешел кон народот!
Од: Ministerot i negoviot akal.
Датум: 26.01.2011 16:52:21
Aren e predlogot na Ministerot. Nevrabotenite treba da nemaat kuca,stan,avtonobil i bilo kakov imot , za da mozat da dobijat plavi kartoni za zdravstveno osiguruvanje.No mislam deka ministerot napravil propus i treba da se dopolni i so toa da nemaat krevet za spienje, stolica i masa, nikakvo greenje,da nemaat jadeno nisto barem dve nedeli i da imaat voda za pienje po 1 litar dnevno, kako i pri podiganje sini kartoni da odaat po gaci i maica , a mozat i goli, pa tek posle da mozat da zemat sini kartoni . Da se znae deka se siromasni i " goli ko pistoli" pa da mozat da dobijat kartoni. Askosun bre ministre na Akalot sto go imas. Imas sansa da te pisat vo Ginis za bizardni reformi.Ovie reformi da ne gi ucese od Pol Pot , vodacot na crvenite Kmeri?
Од: Dara Buba Mara
Датум: 26.01.2011 17:32:23
Nevraboteni so stan prodajte si gi stanovite i pravo vo bardovci, tamu belkim po edna korka leb so ogled na sostojbite vo zdravstvoto ke dobivate
Од: јас (Прилеп)
Датум: 26.01.2011 17:37:45
Уште еден популистички закон на Гвујо & комп. паѓа !! Кога го носеа , се сликаа сите министри заедно со главниот, а сега и нема никаде !! Зарем самите си ја сечат гранката на која седат ? Зарем дотаму е дојден ФЗО и нема денар скршен во него ?! ИЗГЛЕДА !!
Од: aleks
Датум: 26.01.2011 18:31:21
Delumno se soglasuvam so predlogot ima nekoi so po nekolku stana i koli koi se lecat na drzavna smetka no ima i takvi so zastava 101 i garsonera ostaveni vo nasledsto ne e vo red na takvite da im se odzema pravoto na sini kartoni so ima sega centralen registar moze da se vidi koj kolku ima i spored toa da se gleda dali da im se dade kartoni ili ne.
Од: mile voli disko
Датум: 26.01.2011 18:51:51
Ova e strasno, nepodnoslivo, boli, te doveduva do urlanje, beznadeznost, mislam aloooo ima li nekoj pamet ovde ili site sme isti 20 godini u e....n krig se vrtime....
Од: Jare
Датум: 26.01.2011 18:56:59
Pa ako nema za onie so stan za koj ima?Onie koj sto ziveat pod most?NISTO NE MI E JASNO?
Од: srebre
Датум: 26.01.2011 19:24:38
totalno amarhija vlada kade vi e sega bravo grujo..vakon zalon nema nikade ni na zapad neka ne ve lazat na zapad nema socijala ako imas kola a zdrav osiguruvanje imat site pa i ciganite voo romanija inaku ne biimale pravo da se clenlka na eu...sega razbiram zosto vlada nesaka eu za da moze da kradi...ova vodi kon odumiraje na mak abe cela istocna mak ce se otseli vo bug misli li nekoj vo vlada so mozok.....mora samite ste krivi mu davajte rejting as toj vi misli smrt ako nemas da se lecis umri toa le e nacionalna svest avci i sme sto sme..........
Од: Дони
Датум: 26.01.2011 21:34:11
Да, можеби не е во ред тие што имаат пари да се лекуваат на товар на државата. Но: 1. Дали некој очекува невработените да живеат на улица? 2. За поточна евиденција на бројот на невработени нека ги зајакнат контролите по фирмите и нека се исчисти работењето на црно. За становите што се издаваат повторно контрола на непријавените па ќе знаат кој остварува приходи. 3. Викаат дека многу од 300.000 невработени не бараат активно работа. Кога 300.000 луѓе би се растрчале да бараат работа имаме ли ние 300.000 слободни работни места што чекаат па некој ги одбил? За отворање приватни фирми треба да се имаат и пари, не може ништо да се почне без некој почетен капитал. Само читам за тоа како некои луѓе ги загубиле и становите што ги дале под хипотека за кредити да почнат со бизнис, а за земјоделците како имаат загуби (сточари, лозари, тутунари,...). Оваа власт ги заборави најзагрозените, токму ним им го врти грбот. Ништо од нови работни места, поголеми плати, подобар живот. Напротив.
Од: kumanovec
Датум: 27.01.2011 00:00:19
pa od ovaa pogolema ludost ne ke moze da izmislite ako nekoj e tesko bolen i umira ke umre nema da se leci covekot nema so sto da plati i nema za nego sini kartoni samo za sto ima kuca na negovo ime treba da ja prodade kucata i da ostane ziv a potoa na ulica e i ludata drzava
Од: samovraboten
Датум: 27.01.2011 00:24:19
Ushte eden dokaz deka drzavata ne znae da se spravi so problemite bidejki ako ima tolku vraboteni a ne prijaveni taa ima ispekcija i neka si go reshat problemot no se znae koj ne vrabotuva rabotnici i koj ne se plashi od ispekcija Isto taka vistina e deka sakame vo Eu no da ziveeme dostoinstveno kako EU gradjani a ne samo da plakame kako EU a da ziveeme kako vo Burundi
Од: RND
Датум: 27.01.2011 01:02:29
A sto treba - da gi prodadat stanovite na bogatasite i da ostanat ulica, ili da umrat ??? OD SOCIJALNA DRZAVA STANAVME KAPITALISTICKA .... NE NE NE STANAVME FAUDALNA DRZAVA!!!! LEKOT E VO RACE NA NARODOT - SLOBODA ILI SMRT !!!!!
Од: tasko
Датум: 27.01.2011 01:16:56
E to nema ni u Beogradu bravo samo napred Gujo i samo Gospod na pomos neka ni e
Од: sani
Датум: 27.01.2011 01:26:12
ajde site da spieme po kontejneri ili prodavajte stanovi kuki za zdravstvo.sramota,pa normalno e deka nekoj ima kade da zivee pa sega ke se zaostruvale kriteriumite?abe za 5 godini ne sramnija so zemja ni go ukradoa coveckoto dostoinstvo!pa do kade mozat da odat ! e ova go nema nokade samoo vo reformska makedonija !sram za vakvi reformi!
Од: Barbi
Датум: 27.01.2011 06:15:55
Sto pamet nosat po Ministerstvava, moze samo da posluzime za primer. Koja glupost, ako nekoj ima stan ili kola, a e ne vraboten, deka nemoze da dobiva sini kartoni. Pa sto mislat ovie? ....Ako voopsto mislat nesto. Zdravstvenot osiguruvanje treba da bide zagarantirano so zakon, deka sekoj treba da bide zdravstveno osiguran, ili preku rabotodavecot ako e vraboten, ili drzavata da mu go obezbedi toa. I kakva vrska ima namaluvanjeto na nevrabotenosta so izmena na zakon vo zdravstveno osiguruvanje i kategorizacija na koj ke mu se dade a na koj ne zdravstveno? Ednoto so drugoto nemaat nikakva vrska. Kaj zdravstvoto ni e utepano od losa higiena, stari bolnici, losa lekarska usluga, pa uste i sini kartoni da ne se dadat. Sramotilaci. Toa bas i ne se evropski standardi. Vo Francija kazna ke dobies ako ne si zdravstveno osiguran. Neznam od kaj gi naogja ovie unokatni modeli nasata vlada.
Од: nevraboten
Датум: 27.01.2011 06:48:56
pa ne svakate li,vo popis i vo nekoi statistiki (za evropa ili .................)ke stoi deka sopstvenicite se vraboteni vo svoite stanovi,a nabrgu i tie sto ziveat so niv,pa i bezdomnici ako se doznae deka se izbanjale kaj nekogo...site ke izgubat pravo na plavi kartoni !!!a sto e so tie sto vozat tocaci,rolerki ili sto koristat klupi vo parkovite i vo gradot?!?vo evropa (london za sigurno)ako spies noke na klupa ti prioga inkasant i plakas 2 funti pa spi ili citaj,kako sakas,ne e vazno dali si se skaral doma ili si bezdomnik.bezdomnicite ne smeat da sedat na klupi posle polnok!!pa sto cekate !!!udri po narodot !!!
Од: dejan
Датум: 27.01.2011 07:46:13
Браво. За нашите граѓани нема здравствена заштита иако сигурно голем дел од оние што сакаат да ги избришат во минатото пред да овие наши политичари транзитери ги оставиле без работа плаќале за здравствено осигурување. Но ��атоа од парите што мене ми се одвојуваат ќе плаќам здравствено за некои си избеглици. Кои се овие избеглици???
Од: смоки
Датум: 27.01.2011 08:28:02
Ова работа мора да биде селективна. Најнапред да се разграничи кои области од здравствена заштита мора да бидат не само во државно здравство туку бесплатни... (заразни болести, породување, душевни болни опасни по околина); потоа треба да се уведе категоризација на правото за државно лекување спрема висина на придонесите. Каква е разликата во придонес за здравство мегу некој што е без работа сега ( а со децении плаќал, може и големи суми) и некој што сега се вработил и плаќа на минималец ?? .. а трошоците се се поголеми, исто како и платите на докторите. Само со тргнување на дел од невработените ништо нема да се постигне за намалување на загубите. А невработените, кој имаат имот и или пари, сигурно нема да ги дадат во државното здравство
Од: cedo dzike
Датум: 27.01.2011 09:58:42
se ni arno uste ova ni trebase zatoa sto imame staz po30 god. od fam. nikoj ne raboti .komentarite sto gi procitav so cela podrska narodot samo ceka nekoj da pojde. a tie sto davaat pod kirija stanovi see znae taa komisija "se ili tie samite "pa nemozat da gi prijavat .poz. do narodot
Од: ivona
Датум: 27.01.2011 09:59:32
a sto drugo moze da ocekuvame od ovaa vlada, i se namaluvaat sredstvata za spomenicite ,statuite ,muzeite i igralistata,pa zatoa nema pari za zdravsrtvo umri narode na ovaalvada ne i treba narod sami si se dovolni na sebe i familijata samop taka ke ja zadovolat svojata sueta napred grujo brzo ke te smena od politickata scena i veke vrakanje nema nikogas.

Најди! во Утрински
Македонија
Кој ги лапна парите за еколошки проекти
Oпштина Гостивар се „оддели“ од државата
Манипулации со солидарниот погреб
Реакција
Политиката се вмеша и во одбојката