Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Политиката се вмеша и во одбојката

Моника Талеска

ПРИЛЕП - Повеќе од еден месец шеесетина млади одбојкарки од Прилеп не тренираат во салата на Основното училиште „Гоце Делчев“, а случајот добива судска разврска и се' поголема политичка димензија. Нивниот тренер Слободан Ристески тврди дека директорот на училиштето, Трајче Каралиоски, го тужи за клевета, затоа што неодамна изјави дека не дозволувал тренинзи во објектот, само затоа што е член на СДСМ. Револтиран поради тужбата од Каралиоски и фактот што одбојкарките и натаму немаат простор за тренинг, Ристески и неговите сопартијци протестираа пред локалната самоуправа, изразувајќи го незадоволството, како што беше речено, од диктаторската политика и реваншизам што ја практикува локалната власт.

„И сто тужби да поднесат, јас ја кажувам вистината, а тие треба да се соочат со себе и со своите лаги. Ниту господинот Каралиоски ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ме заплашат со диктаторските методи на практицирање на власта што ги поминуваат сите граници. Не бираат веќе ни место, ни луѓе, ни методи на закана“, нагласи Ристески.

Тоа дека на тренерот му е забрането да одржува тренинзи со одбојкарките во салата во ��чилиштето само затоа што е член на СДСМ потврди и нивниот колега Јане Џингоски, кој е дедо на едно од децата што тренираат во одбојкарскиот клуб.

„Отидовме заедно со Ристески кај Каралиоски, а тој му кажа отворено дека добил забрана од локалната власт да ги тренира децата во училиштето. Затоа што, Ристески, како член на СДСМ, ја критикуваше актуелната власт и состојбите во образованието. Ова е целата вистина“, потврди Џингоски.

Директорот Каралиоски во неколку наврати категорично ги демантираше овие наводи. Тој тврди дека нема никаква политика во овој случај и дека за користење на салата одлучува Управниот одбор на училиштето.

Од локалната власт, пак, потврдуваат дека директорот и Управниот одбор на училиштето одлучуваат за сите случувања во училиштето и дека немаат никакво влијание врз нивната работа.

„Ние само ги поставуваме директорите. Немаме никакво влијание врз нивната работа и врз работата на Управниот одбор на училиштето. Сметам дека директорот Каралиоски оправдано бара да се потпише договор со одбојкарскиот клуб. Директорот само инсистира на почитување на законот“, изјави Димитар Стевананџија, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Ристески тврди дека Управниот одбор на училиштето го одби неговото официјално барање за одржување тренинзи, со образложение дека тренерот го нарушил угледот на училиштето со изјавите дадени во медиумите.


#
Статијата е прочитана 547 пати.

Испрати коментар

Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 26.01.2011 14:34:19
Pa samiot profesor ja spomnuva vlasta i partiite uste pred da izleze slucajot na videlo, koga gi vmesal i dedovcite na decata znaci i toj odbral da igra partiski i da napagja po partiska linija. A ucenicite samo sakaat da treniraat. Profesorot toa go zaboravil i se frlil na obvinuvanja kon site nadlezni.
Од: odbojkar
Датум: 26.01.2011 16:48:15
А,што е лошо да потпише договор?од која сака парија нека биде,има закон.оти не казува декаи до тогас трениралтаму иако бил член на сдсм.бесе и тренер на градскиот одбојкарски клуб со сите вмровци.па потоа си замина конфискувајки ги мрежите ,топките и опремата.а,и човекот е познат по нечесни работи.на крајкраева ако е воправо ке докаже на суд.
Од: Милан
Датум: 26.01.2011 22:21:30
Шо сте запнале толку по оваа глупост?какви работи се случуваат во прилеп а вие сте се фатиле за Дасата и неговиот приватен клуб.Ако некому не му е јасно кој е тој и колку е чесен и морален нека се заинтересираат малку во полиција.Тие подетално ќе му објаснат и на авторот на текстот кој оваа тема ја третира веќе по третпат.Аман више!

Најди! во Утрински
Македонија
Нема сини картони за невработени со стан?
Кој ги лапна парите за еколошки проекти
Oпштина Гостивар се „оддели“ од државата
Манипулации со солидарниот погреб
Реакција