Викендов пак ќе се прска против комарци
Градот повторно ќе врши авионска и терестична дезинсекција против возрасни комарци на целата градска територија. Втората фаза на аеросолната дезинсекција за оваа година ќе се реализира утре и задутре во периодот од 5,30 до 8 часот. Прскањето против комарци од земја ќе стартува од понеделник и ќе се врши до петок во период од 1 до 5 часот. Од одделението за информирање во Градот повторно нагласуваат дека доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден викенд кога времето ќе го дозволи тоа. Така ќе биде и за терестичната дезинсекција. Од Градот повторно им советуваат на пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. (Сн.К.) |