Нов асфалт и тротоари за улица „Козле“
Започна подновувањето на улицата „Козле“ во општината Карпош. На должина од 1.301 метар, ќе се реконструира потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до последната станица на автобусот со број „57“. Освен нанесувањето асфалтен слој, од двете страни на „Козле“ ќе се формираат тротоари со ширина од 80 сантиметри до 1,5 метар, а ќе се инсталира и нова атмосферска канализација. За градежните зафати Градот издвои 26 милиони денари. (Б.Ш.) |