Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
На прво место

Одделот за организиран криминал прераснува во Обвинителство

Гордана Дувњак


Изборот на специјализираните јавни обвинители за гонење организиран криминал и корупција ќе биде првиот посериозен тест на новиот Совет на јавни и обвинители. Досега овие обвинители се избираа на интерен оглас, а конечната одлука зависеше од државниот јавен обвинител.

Со новиот Закон за јавни обвинители, кој стапи во сила во почетокот на годинава, изборот и разрешувањето на сите јавни обвинители во државата премина во рацете на новото 11-члено тело, во кое партиципираат избрани обвинители, претставници од Собранието, како и државниот јавен обвинител и министерот за правда по функција.

Во тек е јавен оглас, а сите заинтересирани јавни обвинители имаат можност да се јават уште неколку дена, бидејќи конкурсот ќе биде отворен до 1 октомври.

„ На огласот што беше објавен во медиумите на 16 септември, се пријавија повеќемина кандидати, како од досегашните обвинители кои работат во Одделот, така и од другите обвинителства“, ни изјави вишата јавна обвинителка Елена Гошева, која е претседател на Советот на јавни обвинители. Неизвесно е кога ќе се изврши изборот, бидејќи седницата не е закажана. Ќе се избираат вкупно 10 обвинители, меѓу кои, еден ќе биде идниот шеф на „специјалците по организиран криминал“.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски вели дека во Одделот работат „прекрасни обвинители“, но не е сигурен дали на конкурсот ќе се јават и најдобрите обвинители.

„Главната причина за тоа е материјалниот стимуланс, кој е мал во споредба со тежината на работата што ја вршат, но и ризикот на кој се изложени. Разликата во плата во однос на другите обвинители е 2.000-3.000 денари, што е недоволно и сосема потценето“, додава државниот јавен обвинител. Тој смета дека и периодот од четири години на кој се избираат овие обвинители е предолг, бидејќи обвинителите лесно „се трошат“ и затоа треба да се менуваат на две години.

Досегашното Одделение за гонење организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство на Македонија од идниот месец прераснува во посебно Основно јавно обвинителство, кое ќе има ингеренции да постапува на целата територија на државата. Променетиот статус на Одделот за организаран криминал, кој е воспоставен со новата законска рамка за јавно обвинителство од почетокот на годинава, треба да им овозможи на овие обвинители поголема самостојност и ефикасност во работењето.

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски не верува дека може да се случи „одметнување“ на новото Обвинителство и со тоа да се наруши принципот на субординација и хиерархија во Обвинителството.

„Апсолутно сум убеден дека ќе нема проблеми во функционирањето на новото Обвинителство, кое навистина добива поголема самостојност во работењето, но нема да остане без контрола“, нагласува Шврговски.


Статијата е прочитана 384 пати.

Испрати коментар

Од: stecaec
Датум: 29.09.2008 19:16:28
pod itno da se prevzeme merki za golemiot kriminal vo Zdravstven dom Resen za period 2003-2006g.i resavanje na Krivicniot predmet br 367/08 vo Osnovniot sud Bitola koj e pred Odluka na Krivicen sovet,izvrsen od eks pratenikot i direktor vo sorabotka so eks rakovodnata struktura

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Топилницата ќе добие газда по ��авршувањето на судската постапка
И МВР и Хисен Џемаили ја чекаат одлуката за притвор
Андреј Петров најави тужба против МВР за кривичната пријава