Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
На прво место

Андреј Петров најави тужба против МВР за кривичната пријава

Пратеникот на СДСМ, Андреј Петров, најави тужба против Министерството за внатрешни работи, кое му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност во периодот кога тој бил член на Второстепената владина комисија надлежна за одлучување по жалби и јавни тендери.

МВР обвинува дека комисијата бесправно им овозможила на четири дистрибутери на пиварница „Скопје“да го добијат тендерот за кантини, наместо штипската фирма „МА проком“, која имала најповолни понуди.

Покрај Петров, кривични пријави заработија и уште 11 члена на комисијата и сите се осомничени дека давале под закуп кантини на фирми кои не ги исполнувале условите на тендерот.

„Прекршен е Законот за јавни набавки во кој е наведено дека претквалификацијата на понудувачите се врши врз основа на економски, финансиски бонитет, поради што на скопската пиварница и' било овозможено незаконски да се стекне со имотна корист од 42 илјади евра“, рече портпаролот на МВР, Иво Котевски. Ваквите обвинувања ги отфрли Петров, кој вели дека тој не бил член на таа комисија.

„Доволно е Гордана Јанкулоска, како најодговорен човек во МВР, да отвори ’Службен весник‘ во кој ќе констатира дека од поодамна не сум бил член на таа комисија затоа што извршував друга функција. Ова е обид на ВМРО-ДПМНЕ преку своите партиски војници во МВР да го скрие двојниот аршин на власта. Наместо да постапи по потерницата за притворање на пратениците, МВР поднесува кривични пријави против пратеници на СДСМ, што стана практика на власта секогаш кога има криза во владината коалиција“, истакна Петров. (Св.У.)


Статијата е прочитана 471 пати.

Испрати коментар

Од: Patriotot Gruevski apsi SAMO Makedonci
Датум: 29.09.2008 02:30:15
Ovie krivicni prijavi i apsenja sto gi pravi vladata protiv clenovi na SDSM navistina veke prejdoa dosada. Jas ne sum clen na niedna partija no stvarno veke mi zdosadi da gledam montirani raboti. Gruevski ne gi apsi onie sto ubivaa Makedonci a so seta sila se okomil i apsi SAMO SDSMOVI. Ajde Grujo dosta ni GLUMIS GOLEM PATRIOT a apsis i ubivas SAMO Makedonci.
Од: prijatel2909.2008
Датум: 29.09.2008 15:08:07
Апси Грујо апси,Андреј Петров е Македонец и тоа е неговиот хендикеп многу бргу ќе останеш сам со твојата тајфа., Кколку ми е познато огроме број јадни и сироти Македонци ја напуштија твојата мног сакана Македонија, а само уште колку се спремат, но тоа тебе не те занима, напред Грујо во пбеди.
Од: nikoj
Датум: 30.09.2008 13:44:49
ne sum clen na nitu edna politicka partija no ovaa e stvarno mizerija.do koga mislat oviedeka so populizam (apsenja i debelo plateni reklami) ke im gi zamackuvaat ocite na gragjanite ili mislat dur ima ovci ke ima i volna.ne se glupi gragjanite

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Топилницата ќе добие газда по завршувањето на судската постапка
И МВР и Хисен Џемаили ја чекаат одлуката за притвор
Одделот за организиран криминал прераснува во Обвинителство