Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
На прво место

Топилницата ќе добие газда по завршувањето на судската постапка

Во Апелација - Скопје се води жалбена постапка по барање на турската фирма „Јалим“

Славица Ќучукова-Николова


ВЕЛЕС - Три месеци по последниот успешен тендер, велешка Топилница се' уште нема сопственик. Во Апелациониот суд во Скопје се води жалбена постапка од турската фирма „Јалим Дис Тицарет Сиркети“, која беше дисквалификувана на тендерот за продажба на Топилницата. Неофицијално, барем од она што се случи на последниот тендер, фирмата „Метрудхем“ е нов газда на велешкиот комбинат.

„Го обжаливме тендерот и бараме да ни биде вратен депозитот од милион евра. Иако Апелација има рок од триесет дена да одлучи за жалбите, два и пол месеци подоцна таа не го направи тоа“, вели Билјана Панова, адвокат на „Јалим“.

Турците се обратиле и во велешкиот суд. Побарале да им бидат вратени парите, но оттаму добиле одговор дека судот треба да донесе решение за правосилност. Тоа значи да заврши целокупната постапка, па дури потоа да им биде вратен депозитот.

„На турската фирма ќе и' бидат вратени парите кога ќе заврши жалбената постапка пред Апелација. Се' додека тие се жалат, парите мора да стојат на девизната сметка на Топилницата“, велат од Основниот суд во Велес.

Од „Јалим“ прашуваат зошто сега судот чека да заврши постапката кога тие немаат статус на понудувач, туку биле дисквалификувани на тендерот, а нивната понуда не била разгледувана. Тие демантираат дека на денот кога се отворале понудите тие имале уплатено сто евра помалку од потребните милион, како што тврдел Одборот на доверители. За тоа, нагласуваа од турската „Јалим“, сега поседуваат докази.

Турската компанија на последниот тендер, кој се случи во јуни годинава, за Топилницата понуди три милиони и триста илјади евра. Најави дека ако стане газда, на местото на комбинатот ќе гради големи трговски центри, детски игралишта и станбени објекти. Но, тендерот го доби новата и непозната фирма „Метрудхем“, за која се шпекулираше дека е блиска до фирмата „Минеко“, инаку најголем доверител во Топилницата. „Минеко“ претходно најави дека ќе ја купи Топилницата и ќе ја рестартира на истата локација. Од македонската канцеларија на „Минеко“ во овој момент не сакаат ништо да коментираат, односно не сакаат да кажат дали се тие сопственици или не. Само велат дека ќе чекаат да заврши целокупната постапка, да биде потпиша�� договорот, па дури потоа ќе се произнесат во јавноста.

И додека Турците чекаат Апелација да одлучи, Општина Велес и Зелената коалиција на суд бараат исправање на тридецениската неправда. Пред една недела почна судски процес во кој Општината и невладините организации ја тужат државата поради загадувањето што го предизвикала Топилницата на животната средина и го нарушила здравјето на велешани.

Тужителите бараат од државата отштета од милијарда и петстотини илјади денари, но истовремено бараат и санирање на последиците од загадувањето на почвата, водата и на воздухот.

Првото рочиште беше одложено оти адвокатот Славко Петров побара дополнителен рок за да ја допрецизира тужбата. Следното рочиште е закажано за 12 ноември. Предметот за Топилницата го разгледува и Антикорупциската комисија. Таа ќе треба да провери дали имало коруптивни елементи на последниот тендер на кој фирмата „Метрудхем“, иако неофицијално, сепак стана нов сопственик на Топилницата.

 


Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар

Од: don antoni
Датум: 29.09.2008 21:25:47
Pa redno vreme bese nekoj da go pokrene prasanjeto za otvaranje na topilnicata oti veles bez topilnica e kako riba bez voda P.S Prasajte go gradonacalnikot kocevski od kade mu se parite za novata fontana

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
И МВР и Хисен Џемаили ја чекаат одлуката за притвор
Одделот за организиран криминал прераснува во Обвинителство
Андреј Петров најави тужба против МВР за кривичната пријава