Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
��кономија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Забава

„Пивница“

Скромна зеленчукова понуда

Третманот во „Пивница“ е како да сте ВИП-гостин, а услугата е експресна - за нецели десет минути го добивате јадењето на убаво декорирана чинија

Валентина Тодоровска

Кога го запрашале јапонскиот учител по јога Масатоши Номура како оваа вештина влијае врз намалувањето на килограмите, тој одговорил: „Вежбите и техниките го дисциплинираат вашиот ум и во тоа е тајната“. На тоа една американска новинарка му дофрлила: „Лесно можам да се справам со умот, меѓутоа мојот желудник е недисциплиниран и постојано сака да јаде“. Номура низ насмевка искоментирал: „Не, госпоѓице, вашиот ум е виновникот. Кога би можеле да го слушнете својот желудник, би знаеле дека тој постојано ве моли да престанете да јадете...“

Сигурна сум дека Номура нема ништо против појадоците - па веќе знаеме дека неговата татковина утринскиот оброк го има ставено на пиедестал. Освен тоа, верувам дека би упатил и некој пофален збор кога е во прашање зеленчук, рака на срце - похуван, ама во маслиново масло. А то�� колку и како ќе го дисциплинирате умот и ќе го кротите желудникот е прашање со кое самите мора да се соочите.

Пивницата е сместена во самиот центар на градот, го отсликува амбиентот на старото и новото, на традицијата и на модерното и е инспирирана од приказните на старите боеми. Незаобиколна е во маршутите на странците - откако го исконсумирав мојот појадок, група кинески туристи весело се сместија токму тука.

Менито во „Пивница“ е разновидно, па помеѓу салати, ордевери, традиционални пилешки, говедски супи и чкембе чорби, се одлучив за мала декаденција наречена - похување. Ама на зеленчук и тоа задоволство ме чинеше 200 денари.

Речиси секој ден научниците откриваат хемикалии опасни за здравјето, што предизвикуваат рак, додека другите смислуваат како истата таа хемикалија да се отстрани. Сакам да кажам, знам дека изборот не ми беше најздрав, ама денес не ги следев упатствата на Марк Твен - „Единствениот начин да го зачувате здравјето е да јадете што не сакате и да пиете - што не ви чини“.

Услугата во „Пивница“ е скоро експресна, за нецели десет минути добивате убаво декорирана чинија, попрскана со црн пипер и мелена црвена пиперка. Беспрекорна љубезност на персоналот, типична за угостители од едно друго време, ви дава привилегија и кога сте сосема сами во кафеана, да имате третман на ВИП-гостин. Значи, ако сакате да направите декадентен потег - ако сакате нешто похувано, нека биде тоа зеленчук, а пржењето нека е со маслиново масло.

Режимот на медитеранската исхрана, во спомнатиот случај маслото, во голема мерка го намалува ризикот од појава на малигни болести и болести на срцето и може значајно да го продолжи животниот век.

Единствено идејата појадок во 9,30 часот можеби и не е најдобра, од практични причини. Во похуваниот зеленчук имаше најмногу кромид - на тркалца, едно парче пиперка, домат, малку тиквичка, понекое заталкано шампињонче. Па иако во менито не пишуваше каков зеленчук ќе јадете, веќе имав впечаток дека - наутро изборот е сосема скратен.

Или - тоа се нашло во кујната.

Совет - поместете ги појадоците за еден-два часа подоцна.


#
Статијата е прочитана 1153 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Приоритети во организацијата на една свадба
Од сабота до сабота
Невестинската фризура се избира порано

"""