Венчавка
Приоритети во организацијата на една свадба
Организацијата на една венчавка не е толку лесно како што навидум се чини. Кога се прави свадба, треба да се донесат многу одлуки: од избор на невестински фустан, преку наоѓање на совршена музика, до одлуката за кетеринг (ресторан), атракции и секако венчалните прстени.
Најважната одлука за невестата, секако, е венчалниот фустан. Прво, кога се донесува одлука за венчавање, не се знае колку одлуки и подготовки треба да се направат. Избори што во моментот се чинат најважни во светот. Невестинскиот фустан е кулминација на свадбата, па веројатно затоа има стотици салони за венчавки што нудат огромен избор на фустани.
Избирањето фустан, можеби, е најважната одлука, но прв избор треба да биде местото за свадба. Избирањето локација за венчавка бара многу средства. Поради тоа многу двојки кои се венчаваат трошат недели за избор на совршена локација.
Откако ќе се најде местото, почнуваат средбите со музичари (во поново време и со диџеи), фотографи и, можеби, некои декоратери за свадби. Потоа, избирањето венчални прстени, што, всушност, е најзабавниот дел, па проби на невестинскиот фустан и избирање венчални чевли. Последниот чекор е избор и испраќање покани до гостите. Многу двојки решаваат да се тргнат од стресот, па дури и рано да заминат на меден месец. |