Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Забава

Свадбен изглед

Невестинската фризура се избира порано

Невестинската фризура е особено важна, и го надополнува вашиот свадбен изглед. Денес може да се направат многу невестински фризури. За да се постигне класичен, елегантен изглед, се додаваат нежни украси, како цвеќе и бисери. Ако генерално не ја подигнувате косата, може да се обидете со распуштена коса која нежно се витка на краевите.

Многу е важно фризурата да одговара на невестинскиот фустан. Ако имате фустан со јака, носете ја косата собрана. Ако имате отворен или фустан без прерамки носете ја косата пуштена.

Невестинската фризура треба да се избере порано. Пред да се видите со фризерот, погледнете фотографии на фризури кои ви се допаѓаат. Можете да пребарувате низ галериите на невестински фризури и да го најдете вашиот избор. Кога ќе се видите со фризерот, покажете му ги фотографиите што сте ги издвоиле. Сепак, дури и кога знаете која фризура ви се допаѓа, послушајте го стилистот и бидете отворени за сугестии.

Невестинската фризура треба да одговара на фуст��нот, карактерот на венчавката и на вашето лице. Искусен фризер може да препорача фризура што ве истакнува. Дури и ако сте скептични, вреди да се обидете. На крајот, може да бидете изненадени.


#
Статијата е прочитана 806 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Скромна зеленчукова понуда
Приоритети во организацијата на една свадба
Од сабота до сабота

"""