Од сабота до сабота 
Сабота (13 август)
  *„Апрајсинг бич фестивал“, локација: Плажа „Оревче“ во Охрид, 22 ч.
  Настапи на „Хендсам фурс“ (Канада), „Бернајс пропаганда“
  *„Акто“ - фестивал на современи уметности, локација: двор на гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола, 23 ч. 
  Марко Милосаљевиќ (Србија), Стојче, Сашо Ресид, Горан Теч, К. Петровски 
  *„Охридско лето“, локација: Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, 21 ч.
  50 години од снимањето на филмот „Мирно лето“ - проекција
  Недела (14 август)
  *„Акто“ - фестивал за современи уметности, локација Офицерски дом во Битола, 20 ч.
  Проекција на документарниот филм „Ако никој не свири“ на Ѓорѓи Јаневски
  *„Охридско лето“, локација: „Св.Софија“ во Охрид, 21 ч. 
  Марија Ѓошевска - пијано, Александар Котевски - виолончело, Владимир Костов - виолина
  Понеделник (15 август)
  *Изложба на Никола Радуловиќ и Никола Ангеловски, локација: Музеј на Град Скопје
  *„Охридско лето“, локација: „Св. Софија“ во Охрид, 21 ч.
  Претстава на Народен театар Охрид - „Кабаре Мистеризо“ според Дарио Фо, режисер Дејан Дамјановски
  *Дневна соба со „Саут парк“, локација: летен клуб „Хавана“, 00 ч. 
  Вторник (16 август)
  *Ноќна свирка со „Брејкдаун бенд“, локација: кабаре „Џубокс“ во Скопје, 23.30 ч.
  *„Охридско лето“, локација: „Св. Софија“ во Охрид, 21 ч.
  Концерт на камерниот оркестар „Тулуз“ (Франција)
  Среда (17 август)
  *„Охридско лето“, локација: „Св. Софија“ во Охрид, 21 ч.
  Концерт на „Алијаџ Квинтет“ (Германија)
  Четврток (18 август)
  *„Охридско лето“, локација: Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, 20.30 ч.
  Изложба „Натура морта“ на Роберт Јанкуловски и Моника Мотеска
  Петок (19 август)
  *Концерт на Жељко Самарџиќ, локација: клуб „Селект“ во Струмица, 01 ч.
  *„Охридско лето“, локација: „Св. Софија“ во Охрид, 21 ч.
  Ѓорѓи Димчевски - виолина
 
  Сабота (20 август)
  *Летен фестивал на книгата во „Три“, локација: Издавачки центар „Три“ во Скопје, 21 ч.
  *„Опен ер псајкеделик активитис“, локација: село Винце, 22 ч.
  „Арџуна“ (Италија), „Арчаик“ (Грција), „Атриом“, „Ониро“, „Псајмоуд“, Шеф и Дина
  *„Охридско лето“ - свечено затворање, локација: Долни Сарај во Охрид, 21 ч.
  Претстава на Народен театар од Битола - „Медеја“ според Еврипид и Хајнер Милер, режисер Нада Кокотовиќ  |